Вест Хем ќе пазари од Јувентус

by Fokus

Премиерлигашот Вест Хем е во преговори со дефанзивецот на Јувентус, Даниеле Ругани, тврди „Скај Спорт Италија“.

Јувентус бара 18-20 милиони евра плус бонуси за Ругани. Италијанскиот клуб не би сакал да го даде на позајмица 26-годишниот играч, бидејќи пандемијата на корона вирусот силно ја погоди нивната финансиска состојба.

Минатата сезона Италијанецот одигра 10 натпревари во Серија А и доби два жолти картона.

Поврзани новости