Весникот Лајм бара Собранието да го заштити од притисоците на ДУИ и Ахмети и да ги повлечат тужбите, Џафери не покажува спремност

by Fokus

Поради се уште нереформираното судство во Македонија, уредникот на весникот Лајм, Исен Салиу побара од претседателот на Собранието Талат Џафери да упати јавен повик до Демократската Унија за Интеграција и до нејзиниот претседател, Али Ахмети, да ги повлечат тужбите против весникот Лајм и уредникот Исен Салиу.

Такво барање Салиу упати вчера во емисијата Отворено во ТВ 24, каде гостин беше претседателот на Собранието Талат Џафери.

-Сега веќе ниту ВМРО не ги тужи новинарите, само ДУИ го прават тоа, иако велите дека во меѓувреме сте станале реформатори, – рече Салиу, пренесува Алмакос на својата фејсбук страна.

Меѓутоа Џафери одби да упати таков повик кон ДУИ и Ахмети, иако претходно се пофали дека како претседател на Собрание е надпартиска личност. Тој дури рече дека не знае за тужбите на Али Ахмети и на партијата ДУИ против Лајм и уредникот Салиу, иако тие тужби се спомнати и во годишниот извештај на американскиот Стејт Департамент за состојбите во Македонија, во делот на слободата на говорот.

 

Поврзани новости