984

by Фокус

КОНВЕРТИТИТЕ – УШТЕ ЕДЕН СТОЛБ НА ДПМНЕ
Ролјата на солзите, розите, љубиците според сценариото на власта е уште еднаш да ја дискредитираат опозицијата. Да се откаже од своите барања. А по третпат глупирање ала пишман аџија, ќе биде убиствено за СДСМ.

АХМЕТИ СЕ ИНТЕГРИРАШЕ ВО ФАЛАНГАТА НА ГРУЕВСКИ
Сѐ додека Груевски и Ахмети се заедно во власта, во Македонија не може да се повтори 2001-ва. Тие се пастири на своите стада и во нивните трла, владее мир! Студен, гневен, ама, сепак, мир. До кога?

КАТНИТЕ ГАРАЖИ КРИЈАТ ПОДЗЕМНИ НАМЕРИ?!
Катните гаражи со владини и општински пари се градени од страна на едни исти фирми, по цени типични за деловен и станбен простор, кои во текот на градбата само нараснувале од првичниот договор.

КОЈ СЕ КРИЕ ЗАД ДОНАТОРИТЕ?
Скромното Здружение на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин, кое се јавува како донатор на 5 нови споменици, ни под разно не сака да коментира од каде им се парите и идејата да го разубавуваат Скопје.

ДОЛЖНИЧКО РОПСТВО
Економскиот аналитичар Кире Наумов Во интервју за „Фокус“ вели дека Македонија се наоѓа во должничко ропство, а „тројката најодговорни премиерот, министерот за финансии и гувернерот се однесуваат како ништо да не се случува“.

ПРЕПЛАТЕНИ РОДИЛНИ КРЕВЕТИ?
Ако вкупната зделка е околу 222.206 евра, тогаш еден таков кревет би чинел нешто под 50 илјади евра. Дали еден родилен кревет со светилка чини толку многу пари или, пак, е преплатен неколкупати повеќе од реалната цена?

ОХРИД НАД ВОДА
Парите на граѓаните завршуваат кај тур-операторите, а самите граѓани сонуваат за викенд во Охрид. Голем дел од операторите се во сенка на двата оператора што доминираат!

ЗА МАКЕДОНЦКИТЕ ТАБУА
Односот на власта многу потсетува на изреката „не јадете од крушите, ќе ве боли мешето“. Притоа, тие што ни го кажуваат ова, самите гнетат ли гнетат од крушите, а нив мешето, ете, до ден-денешен не видовме да ги заболи.

 

Колумнисти:

Џабир ДЕРАЛА
Оваа приказна на почетокот и моето размислување во продолжение се потсетник и сведоштво за тоа што не сме, а што можевме да станеме. Напишано, од срце и искрено. Во денови што се бројат, пред почетокот на хаосот…

Синоличка ТРПКОВА
Апсурдно е да очекуваме во една традиционално-патријархална заедница да имаме поинакви политичари. Тие не би нѐ претставувале нас, исто онака како што ни барокот не ја претставува нашата традиција.

Рамадан РАМАДАНИ
Далеку е Шведска, но треба да признаеме дека има разлика. Таму да имаше некој таков дневен весник, кој како од шише вади секој ден наменска насловна, и тоа ќе беше заведено како медиумско силување и контаминација на јавноста!