983

by Фокус

„АНАТОМИЈА НА ЕДЕН МОРАЛ“
Милован Ѓилас, некогашниот Титов соборец, уште во 1953 јавно ќе побара „Партијата да се одвои од државата“. Партијата додуша ќе го диференцира од своите редови. А како е денес кај нас?

НЕ НИ ТРЕБААТ НОВИ ИЛИНДЕНИ, ТУКУ НОВИ ВОЈВОДИ
Не можам никако да бидам горд Македонец, антички или словенски сеедно, кој своите политички противници ги егзекутира во македонските медиумски и судски „матхаузени“ и „аушвици“!

ЗБОГАТЕНИ ПОЛИТИЧАРИ
Некој ги зголемил квадратите на недвижен имот, сумите на банкарските депозити, фондот на предметите, друг ги намалил, додека трети останале на нула.

ЧУТИ, БРЕ!
Големи се шансите министерскиот двоец Адеми-Спиро и да не дознал дека имало протест. Ако едниот отишол по мала нужда, а другиот на кафе-пауза во ГТЦ, на враќање го пропуштиле кусиот марш!

СЕКОЈ ВТОР ДЕН САМОУБИСТВО
Секој втор ден по еден македонски граѓанин си го одзема животот. Додека невропсихијатрите гласно предупредуваат, државата немо молчи. По сѐ изгледа и таа е стасана за на психијатар!

ПАРАСПУРИ И РАСИПИКУЌИ!
Сѐ што треба е да се примени логиката на Хирошима во бирократијата. Или 100.000 партиски војници ќе настрадаат сега – за да се спасат државата и нацијата, или тие ќе потонат заедно со сите нас.

МАКЕДОНИЈА ЌЕ МОРА ДА СЕ ОПРЕДЕЛИ ПРОТИВ ПУТИН
Кога Запад ќе ги почне своите операции против Путин, ќе ги повика сите сојузници. Од Македонија ќе биде побарано да учествува во таа операција на некој начин вели за Фокус аналитичарот Сем Вакнин.

Џабир ДЕРАЛА

Мојот непријател, гркот Јорго
„Политицари сакаат ние караме, за тие зивеат подобро. Ако тие решиле да се караат, не мора и ние да се караме. Ај да викнеме уште една тура!“

Синоличка ТРПКОВА
Барокните фасади, галиите, дискотеките, турбофолкот, спомениците и орнаментите во главниот град направија „бум“ и во нашите глави, но и во нашите шифоњери и фиоки. Кич-револуцијата како утеха!

Рамадан РАМАДАНИ
Замислете само колку е непрецизно и опширно обвинението „учество во толпа“. Колку ли по тоа исто обвинение утре ќе пресуди некој друг за „учество во толпа“ која ја киднапирала или ја злоупотребила државата?