965

by Фокус

БЛУДНИОТ СИН
Граѓаните на земјата се соочени со „коцкарските“ долгови на „блудниот син“ позициониран во политичката елита, која во изминативе 6 години со своите економски политики, на коцка ја стави сувереноста на државата!

ИМ СЕ ИЗВИНУВАМЕ НА БРАНКО, ЉУБЧО, БУЧКО…
Малку ме гризе совест што жестоко ги критикувавме сите влади пред 2006 година. Не дека демократијата цветаше тогаш, туку, каква елементарна непогода нѐ снајде, дури ме фаќа носталгија за тие стари времиња.

ДЕСЕТТЕ МАНТРИ НА ГРУЕВИЗМОТ
Еве, друже Грујо, предлагаме Заев милиончињата да им ги даде на Сител, на Лимба, на Вале Букефал и на Гркинката Зиогу! Важно е да ечи мантрата дека вие сте невини како цвет, иако не може да ве спаси ниту хименопластика. Шика крв од сите страни!

ДАВИД ПРОТИВ ГОЛИЈАТ
Сите видови на моќ, на власт, на влијание, може да се расчленат на три основни гранки: финансии, сила и убедување. Оваа тријада кај нас обично се преведува со трите „П“: пари, пендрек и пропаганда.

СТОТИНА ОСУДЕНИ ЗА ЉУБЕ ДА Е В ЗАТВОР
Поради нецелосните податоци за првообвинетите излегува дека како осудени се водат стотина граѓани кои го имаат истото име и презиме. Според адвокатите има многу грешки содржани во пресудата за Бошковски.

НИКОГАШ НЕМА ДА БИДАМ КАКО ИВАНОВ!
Во интервју за Фокус кандидатот за претседател Зоран Поповски звучи доста убедливо кога вели дека нема да дозволи да биде продолжена рака на власта. Мисли дека луѓето се заситени од црно белиот свет.

ИСПИТУВАЊЕ ИЛИ СОЗДАВАЊЕ НА ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ?
Без разлика дали се блиски до една или до друга партија, безмалку сите анкети содржат нешто заедничко. По обичај, нивните резултати не ги потврдува најмеродавниот фактор, а тоа се изборите!

ЈАДАМ СЕНДВИЧИ И МОЛЧАМ ПО МИТИНЗИ
Не е спорно дека партијата на власт има верни „фанови“, кои со задоволство ѝ даваат поддршка. Но, добар дел од нив во Охрид се појавија, не затоа што сакале, туку затоа што морале.

ПРЕРОДБЕНИЧКА ПРАВДА
Професорите-правници кои ги подготвуваа измените во ЗКП, се изненадени од начинот на кој се спроведува законот, од неможноста осомничените да се соочат со доказите за да можат да дадат исказ!

 

Колумнисти:

Јуриј ГОНЧАРУК, амбасадор на Украина во Република Македонија
Протестното расположение во Украина почна да се акумулира кратко време по изборот Јанукович, бидејќи новата власт, тргна по патот на создавање тотална контрола врз сите сфери на општествениот живот.

Синоличка ТРПКОВА
Сиромаштијата честопати кај нас ја врзуваат со валканото, што е погрешно. Сетете се на старите селски куќи и на нивните домаќинки, на спастрените тремови, на везените чаршафи и народните носии.

Рамадан РАМАДАНИ
Со сите избирачки вештини и со силата што ја користи, ДПМНЕ сега во првиот круг заличува на професионален тркач со коли, кој овојпат ќе треба да се трка качен на некој автомобил-крнтија.

Џелал ХОЏИЌ
Досегашната кампања покажа дека Стево Пендаровски е единствениот сериозен кандидат за претседател на Македонија. Искуството како советник на двајца претседатели му е од огромно значење.