964

by Фокус

БУРДУШ ТАКТИКА
Опсесијата на груевци со Бранко веќе добива опасни размери. Неродено дете ќе поврзат со Бранко зашто мајката дишела ист воздух со Црвенковски. Па тие, бре, и Никола Младенов го врзаа во расипан дил со Бранко! Лудо до шизофрено!

И ЛОВИШТАТА СЕ ТОКМАТ ЗА СГС
Агенцијата „Секјурити Груп Сервисис“ (СГС), се обидува да влезе во бизнисот со ловишта во Македонија. Претходат  неколку законски измени, кои овозможуваат фирми, кои немаат дејност „ловство“, да се јават на повикот!

ЗЛОУПОТРЕБИ НА ДАНОЧНИТЕ ОАЗИ
Иако Швајцарија и Лугано не се неприкосновени центри на офшор-капиталот, сепак, од моќните држави, како САД, го прибираат (по)белиот капитал, а од земјите во развој нема проблем и за црниот кеш!

АМБАСАДОРИ БИЗНИСМЕНИ И ПЕЈАЧИ
Многумина од амбасдорите имаат образование или искуство од сосема друго научно и професионално подрачје. Трети, пак, заминаа на должност откако ги бранеа владините политики на јавна сцена!

ПОРТРЕТ: МЕНДУХ ТАЧИ
Виртуозен танчар на изборната шипка на власт. Мендух е редок дух на македонската политичка сцена кој експлозивно и брзо се вљубува во своите партнери, но уште побрзо и подраматично се одљубува. Тој е жив вулкан.

МПЦ АГИТИРА ЗА ВМРО-ДПМНЕ?
Последен пример е поддршката на повеќето архиереи за кандидатот за претседател Ѓорѓе Иванов. Меѓу нив беше и епископот Пимен. Тој сега вели дека, сепак, пред да одлучи за кого ќе гласа, сака да се сретне и со Стево Пендаровски.

МАСАКРИРАНА ИСТРАГА
Семејствата сѐ уште се сомневаат во бизнис-интереси, за обвинителството, пак ликвидацијата е радикален ислам. Многу прашања остануваат неодговорени во случајот „Монструм“.

СВЕДОШТВА ОД ЗАТВОРИТЕ
„Невини гниеме во затвор,“, велат за Фокус, Дејанче Николески и Игор Мирчески. Двајцата се обвинети за убиство, за различни случаи, но чекаат да се случи чудо, оти и по многу години, тврдат дека не се виновни.

 

Колумнисти:

Сем ВАКНИН
Новите „демократии“ се слабо замаскирани и криминализирани плутократии (сетете се на руските олигарси), авторитарни режими (Централна Азија и Кавказ), марионетски хетерархии (Македонија, Босна и Ирак, да наведеме само три скорешни премери).

Синоличка ТРПКОВА
Светот денес е поделен на креатори и на уништувачи. Првите се како мравки што заеднички работат и упорно се грижат за опстанокот на светот, а вторите се разурнувачи што газат и уриваат. Дотаму дојде, да ги делиме луѓето на „мравки“ и на „чизми“.

Рамадан РАМАДАНИ
Сите овие проблеми со списокот и со гласачите можат да предизвикаат клик на задоволство кај оние што ќе бидат избрани од мртви гласачи, како во анегдотата за вработените во погребната дејност кои се радуваат со: „Да живеат мртвите!“

Џелал ХОЏИЌ
Денес Грција и да нè признае под уставното име, ние нема да можеме да почнеме преговори со ЕУ поради тоа што ја влошивме ситуацијата. Ќе мора да ги поправиме судството, владеењето на правото, состојбата со медиумите, политичките затвореници…