7 ДЕНА
Зошто сите „перат раце“ од швајцарската фирма „Ексико“? Ничија ли е!? Или, како што би отпеал Славе Димитров: „Чија си, на кого радост ти му носиш“… Оти фирмата е влезена во едно чудо компании во Македонија.
АФЕРА АКТОР: ВАДЕЛЕ ПАРИ, СЕ ЗАБОРАВИЛЕ?!
Откако Управата за финансиско разузнавање дознава за честите посети на Грците во Неготино, се намалуваат сумите на трансакциите, а се зголемува нивниот број. Малите суми се надвор од радарот на Управата за финансиско разузнавање.
СУДСКО ВАГАЊЕ
Душевната болка на премиерот се лекува со сума од над 10.000 евра, на неговите министри и директори со 5.000 до 10.000 евра, а на другите граѓани доволни им се стотина евра. Пораката е јасна, кој ќе се осмели, нека повели!
ПОРТРЕТ: ЃОРГЕ ИВАНОВ
Иванов остана тврд бранител на името и идентитетот, но во длабока сенка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. За жал, Иванов ќе остане запаметен само како претседател на Македонија во времето на Никола Груевски!
КОЈ НА МЕГДАН СО ГРУЕВСКИ?
По промоцијата на кандидатите за претседател, во политичките партии во тек е постапка за избор на кандидати за пратеници, што создава неизвесност и тензии поради ограничените позиции за задоволување на многу амбиции.
НИКОЛА ТОДОРОВ НА ПОТЕГ!
Двеве приказни се сосема различни, но, сепак, и двете зависат од одлуката на министерот. Во првата приказна, сè што може да се загуби се парите, но во втората приказна, пациенти останаа со оштетен вид!
ОД САМБА ВО ШТИП ДО ИДРИЗОВО!
Пред вратата на познатиот Холанѓанец Питер Џон Босе се исправиле полицајци. Од нив ја слушнал веста дека мора да се спакува и да се пријави во затворот Идризово на издржување казна затвор од четири месеци.
АНКЕТА: НЕЗАДОВОЛСТВО ОД ПЛАТИТЕ
За над 97 проценти од вработените во Македонија, висината на гарантираната најниска месечна плата од 8.050 денари, која ССМ ја прикажа како „историски успех“ во борбата за работнички права, не е прифатлива.
Колумнисти:
Сем ВАКНИН
Падот на комунизмот ги уназади претходно возвишуваните работници. Овие отпадници од пропаднатата идеологија, фрустрирани – стојат зад политичките партии и популистичките здруженија на граѓани од Русија, преку Полска, па сè до Балканот.
Синоличка ТРПКОВА
На оваа власт не ѝ е важно здравјето на народот. Ако здравјето на човекот навистина е приоритет на една земја, народните пари нема да се трошат на тркала, споменици и на градби од гипс и стиропор!?
Рамадан РАМАДАНИ
Дополнителната мистика во политиката, која не се објаснува со математика, сега се објаснува со егзотика. Смоквица, Лугано, Панама, Кондоминас, Јеремиќ и Субрата Рој. Шемата изгледа сложена но сè било просто ко грав.
Џелал ХОЏИЌ
Партијата на Вучиќ многу потсетува на ДПМНЕ. Но, Вучиќ, за разлика од Груевски, за својата земја успеа да обезбеди датум за преговори, иако српскиот проблем со Косово во суштина е поголем проблем отколку нашиот спор за името.