959

by Фокус

ФАТВА ВРЗ МАКЕДОНИЈА?
Доста беше за милионските тендери во власта и становите на чесните угледни преродбеници! Дајте да разговараме за фини нешта. За бомбички, за конфликтче, за цркви и џамии. Тоа се темите за овие избори.

ОДМАЗДА ЗА ИСТРАГАТА ЗА МЛАДЕНОВ И БОРБАТА ЗА КЕЖАРОВСКИ
Во интервју за Фокус, разрешениот уредник на Нова Македонија, Зоран Димитровски објаснува кои негови ставови толку го разлутиле сопственикот на весникот Минчо Јорданов! Видно е вознемирен, „од бруталниот чин на политичка инквизиција“, и најавува тужби за клевета и навреда.

ЈАНКУЛОСКА ДОКТОР, СТУДЕНТИТЕ НЕПОЖЕЛНИ!
Дипломираните криминалисти и по шест години чекаат работа. Институцијата МВР, за која се обучуваат, повеќе ги цени „вештините“ на кандидатите со средно образование.

ПАЃА ВЕРБАТА ВО ВЛАДАТА
Во оваа анкета на „Фокус“ и на „Рејтинг“ се забележува значително смалена доверба во работењето на Владата од септември лани до сега.Ги прашавме граѓаните и дали им веруваат на телевизиите.

ЖЕНА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ
Професорката Билјана Ванковска во разговорот за „Фокус“ говори, зошто, иако е против интеграцијата во НАТО, може да биде добар претседател , дека тоа што е атеист и не пали свеќи во црква е нејзина предност, а не слабост.

И ДУИ СЕ „МАЛКУ НЕЕТИЧКИ“?
Владините и локални функцинери Меџити, Бејта и Бесими ја поткрепиле семејната фирма на сопартиецот Исмаил Јахоски, „Пуцко ПЕТРОЛ“  со повеќе од 2 милиони евра! Сѐ во рамки на законот!

„СГС“ ВЛЕЗЕ И ВО БОЛНИЦИТЕ!
„Фокус“ истражуваше кој ги прави тендерите во болниците, што се крие зад работата на директорите, чии интереси тие бранат – на пациентите, на лекарите, или ги чуваат само своите директорски фотелји!?

Колумни:

Ана ПАНОВСКА
И ние пеевме комитски песни и ние на нашите деца, им раскажувавме за Гоце, за Даме, за 1762 лето… за владиката Доситеј, како тајно го донеле во Македонија, тие, комуњарите, за да се возобнови Македонската православна црква… за што уште не?

Стојан АНДОВ
Со епизодата Сочи, со спречувањето на закажаната средба Иванов – Путин, претседателот изгледа сфати дека вмровскиот ’рбет, сепак, се свиткал, и тоа довело тој да ги добие двете шлаканици, и од левата и од десната страна.

Синоличка ТРПКОВА
Како да изградиме праведно општество и подобра иднина ако голем дел од нас се „неопределени“ и сложно им покажуваат среден прст на сите опции, чекајќи ја вистинската, што, за жал, ја нема?