960

by Фокус

(НЕ)РАЗУМЕН КОМПРОМИС!
Tандемот Груевски- Ахмети може да добие гратис четири години, а потоа да се промени Уставот за избор на претседател во Собранието. Така, опцијата за хуманитарниот Иванов делува дури и како „разумен компромис“!

„ПАРТИСКА ПОЛИЦИЈА“ И „ЧИСТАЧИ“
Какви „сознанија“ постојат во другиот дел од обемната документација кој лустраторите одлучија да не го објават и колку се тие веродостојни, а колку плод на нечија фантазија и слободна интерпретација?

ГЛЕДАЈ УКРАИНА, ПЛАШИ СЕ ЗА МАКЕДОНИЈА!
Македонија не е далеку од пакетот болести од кои страда Украина. Да се надеваме дека тие ќе бидат искоренети не преку насилство, туку преку демократската можност граѓаните јасно да проговорат!

АНКЕТА: ЌЕ ДОНЕСАТ ЛИ ИЗБОРИТЕ ПРОМЕНИ?
Факт е дека Албанците не го поддржуваат Никола Груевски и неговите политики, но тоа воопшто не ги спречува најголем дел од нив да гласаат за верниот коалициски партнер на Груевски, Али Ахмети.

ВЕСЕЛА МАТЕМАТИКА, ТАЖНИ СУДБИНИ
На премиерот Груевски му кажале дека во притвор одат минимални 1 отсто од обвинетите, на министерот Беџети 5 отсто, а од Основниот суд Скопје 1, пак, велат 13,6 отсто. Познавачите пресметале 80 отсто?!

ПРЕРОДБЕНИЧКА ЛОГИКА
Наместо властите да инсистираат инвеститорот на барокната гаража кај „Аутомакедонија“ да го прилагоди проектот на важечките прописи, ги смениле прописите така што сега тие му одат во прилог на инвеститорот.

СИНДИКАТ НА РАСПРОДАЖБА!
Зградата на поранешниот Општински синдикат, во Прилеп, ќе биде огласена за продажба. Прилепчани, најавуваат дека ако Живко Митревски не се откаже од продажбата, ќе го бранат објектот со жив штит.

КАКО ИЗГЛЕДА ДЕНОТ НА ИЗБОРИТЕ
ПРЕКУ писмо до Фокус партиски активист ја открива уиграната шема за притисок врз гласачите на изборниот ден. Делење брашно, купување гласови, контингенти на гласење. Што уште?

ДОЛГ ВО ЦРВЕНА ЗОНА
Јавниот долг на државата не е 34,4 отсто од БДП, колку што објавува Министерството за финансии, туку 40,2 отсто од БДП, или речиси за половина милијарда евра поголем од прикажаниот.

Колумнисти:

Синоличка ТРПКОВА
Под ова наше небо само власта е горда. Другите што не спаѓаат во ова гордо друштво, можат слободно да заминат. Над оваа Македонија, денес, се раѓа едно ново сонце, под кое нема слобода и место за сите!

Рамадан РАМАДАНИ
Многу години, врхушката на ИВЗ, во текот на ваквите изборно-политички периоди во земјата, со испади во јавноста одбира да се истакне. Новиот момент е дека сега веќе имаме работа со бајаги одлепени појавувања!