КРТОВИ
Ќе го сметаме малку и за навреда, ако помисливте дека ние, десетината „велики“ умови, збрани во еден „Фокус“, нема да продолжиме, само зошто некоја судијка нѐ „репнала“ со 9 илјадарки. Парите значат, ама многу позначајна е вистината!
ЗА КОГО? ЗА МИЈАЛКОВ! МОЖЕ!
Дали првиот човек на УБК нема покрив над глава? Во неговата тужба не е наведена адресата на живеење, а недостасува и неговиот матичен број. Кога тужат обични смртници, таква грешка не може да помине!
ЕМ ГРАДОНАЧАЛНИК, ЕМ БИЗНИС ИМПЕРИЈА!
Градоначалникот на Крива Паланка е Арсенчо Алексовски еден од најбогатите функционери во земјава. Како го стекнал своето богатство, колку изнесува и како ја врши градоначалничката функција?
„ПЕРДЕ“ НА СУД
Дел од пациентите пресекоа – правдата во аферата „Перде“ ќе ја бараат по судски пат. Од друга страна, комисијата формирана од Министерството за здравство, веќе четири месеци „истражува“!
СПАЈДЕРМЕН
Случајот со уредничката на Сител и со буџетските пари за реклами исплатени на телевизија Сител ја подоткрива шемата за корумпирање на медиумите. Во игра се пари, многу покрупни од сите досега откриени афери.
СЛУЧАЈ „БАГАТЕЛА КВАДРАТ“
Миле Јанакиески не кажува кој стои зад барањето за промена на условите за багателната лицитација, после кои земјштето на една од најатрактивните локации во Скопје се продаде по цена од 71 денар за метар квадратен.
КОРУМПИРАНИТЕ ГИ СНЕМА
И по пет години, ниту еден од македонските политичари посочени во документите во САД, во Македонија никогаш не бил под истрага во врска со аферата за Телеком.
Колумни:
Стојан АНДОВ
За Мара Бунева од прв приоритет била борбата против режимот на кралството СХС. Многу од нив се приклонувале кон бугарската политичка линија со надеж за помош во револуционерната борба.
Џелал ХОЏИЌ
Во оваа хорор-ситуација не ме загрижуваат толку проблемите со политичките затвореници и медиумскиот мрак. Тоа се решава со со промена на овој режим. Овде мислам на потенцијалот за опстанок на оваа држава.
Синоличка ТРПКОВА
Замислете како би изгледало кога водоводџиите секојдневно би им се фалеле на клиентите колку добро им ги одзатнуваат цевките и колку убаво им тече водата од чешмите? Ви заличува на нашата власт?
Рамадан РАМАДАНИ
За некои медиуми веќе треба да зборуваме во минато свршено време. Испадна дека тие не биле медиум (посредник), туку и добар дел си задржувале за себе, и тоа многу очигледно.