954

by Фокус

СТРАВ ОД ВЕЛИЈА!
На екипата на „Фокус“ ѝ беше забранет влез во затворот „Идризово“ и посета на осуденикот Велија Рамковски. Дали некој сѐ уште се плаши од она што има да го каже Велија од зад решетки?

ШИПОВИЌ ВО АПС, ЗЕМЈИШТЕ ПО БАГАТЕЛА!
Со тоа што Шиповиќ е во притвор, СДСМ и ЛДП го изгубија мнозинството во општината и не можат да го преземат градежното земјиште со кое располага министерот Јанакиески, а тоа се продава за багателни цени.

ЕМ ВО ПРИТВОР, ЕМ БЕЗ ОТШТЕТА
Поранешната полицајка, Славица Ристова, по четири месеци во притвор успеа да ја докаже својата невиност. Сепак, сѐ уште ја води битката да си го врати работното место, и да добие отштета за неправдата.

ИМАМЕ УШТЕ ДОКУМЕНТИ!
Петре ШИЛЕГОВ новиот портпарол на СДСМ ја стресе Власта со објавата на најновата афера. Вели дека СДСМ допрва ќе обелоденува документи за сите медиумски афинитети на Груевски!

КОРУПЦИСКИ СПРЕГИ СО НОВИНАРИ?
Скандалозна јавна набавка или корупција на новинарите? Власта засега се обидува да ја држи аферата „Талевска“ во рамките на секторот јавни набавки и да ја затвори како „несреќен“ сплет на околности.

„ВИСАРИС“ НОВО БАЧИЛО?
Освен раката, и прстите на ВМРО мора да бидат долги за да брцнат доволно длабоко во теглата со медот. Проблемот е што фитиљот на гласачите е краток, и сѐ пократок станува!

ДОСИЕ „ТЕНДЕРИ“!?
Кој и како ги добива тендерите во јавното здравство? Случајот „Талеска“ ни даде повод да се вратиме неколку години наназад и да потсетиме како се добиваа дел од тендерите и кој ги добиваше?

СДСМ ГО ГУБИ РАНКОВЦЕ
ВМРО-ДПМНЕ обезбеди предност од еден глас во општинскиот совет, во однос на СДСМ. Власта, иако нема градоначалник успева да ја задржи контролата и во основното училиште преку директорката Слаѓана Николовска.

Колумни:

Џелал ХОЏИЌ
Властодршците прават проценка кој треба да биде на отстрел, а налогот се дава до провладините медиуми, кои функционираат како алатка во борбата со политичките неистомисленици.

Стојан АНДОВ
Со иницијативата на ДУИ за консензуален кандидат, за претседател, се елиминира можноста во политичката активност за изборите да се продлабочува меѓуетничкиот јаз меѓу Македонците и Албанците.

Синоличка ТРПКОВА
На многумина овде им пречат размислувањата на нашите однадвор. Ги осудуваат зашто заминале. Требало да останат овде, каде што се живее во постојана борба за опстанок, за да се одржат носот и сопствениот интегритет над вода, како давеници.