953

by Фокус

КРЕВОК НАРЦИС
Вештиот наод за психичката состојба на Гордана Јанкулоска, изготвен за судскиот спор за клевета, открива дека душевната болка ѝ била голема поради фактот што била нарцисоидна личност!

ЃОАМИТИ ОКСФОРД
Битолскиот градоначалник Владимир Талески се пофали со награда Најдобар менаџер-градоначалник од ЕБА. Арно ама, ЕБА е британска фирма на Украинци, кои ги наплаќаат своите „признанија“!

АФЕРИМ
Ги нема ММФ и Светска Банка. Молчи „Дојче Банк“! Каде се сврте работава? Та нели „најмалку задолжената економија“ има простор за уште!? Од каде? Задолжување дома? Аферим, повелете!

(НЕ)ВЛАДИНИ ШЕМИ!?
„Фокус“ открива дека зад невладините организации што добиваат пари од централната и од локалната власт се кријат партиски моќници и градоначалници!

УСПЕШЕН НЕУСПЕХ!
Ретро-перспектива на македонската надворешна политика. Стерилната и фригидна „еквидистанца“ од почетокот на назависноста на Македонија, тие како да ја заменија со многу поопасната „антидистанца“. И веслаат ли веслаат – на суво!

ПАРАЛЕЛЕН ЖИВОТ
По две децении постоење, ние се делиме на позиција и опозиција кај македонските политички партии, со ист таков ривалитет и кај партиите на Албанците. Нема политичка партија на македонските граѓани!

ПРАВО ИЛИ ПОЛИТИКА!?
Постојат мислења дека нема сила која ќе ја принуди Грција да ја испочитува хашката пресуда – ова е политички спор кој може да се реши по пат на дијалог. Други предлагаат нова правна иницијатива за замена на ФИРОМ во ОН со РМ!

УААА СТУДЕНТИ!
За разлика од студентите низ светот, кои излегуваат на масовни протести, нашите си работат по партиска заповед, излегуваат на контрапротести по потреба и се спремаат за партиски функции. Очигледно сѐ им е погодено!?

Колумни:

Стојан АНДОВ
Претседателски кандидат поддржан и од власта и од опозицијата  е шанса за решавање на спорот со Грција! По мое мислење, такви можат да бидат Денко Малески и Владо Попоски и, евентуално, Лазар Еленовски.

Синоличка ТРПКОВА
Што ли ќе паметат нашите деца? Веројатно – ништо! Од мали се учат на несвесност, како рипките, што не знаат дали пред две минути јаделе или не и секогаш ќе јадат ако им засолиш од храната… по навика и инстинкт!

Џелал ХОЏИЌ
Очекувам врвот на ДПМНЕ да почне отворено да се залага за тезите кои беа застапувани од нивните безрбетни мегафони- иднината да ја бараме со Русија и со земјите од БРИК. Затоа, ако сакаме во ЕУ и во НАТО, ова ДПМНЕ-ВАЛЕВО мора да премине во опозиција!