951/952

by Фокус

ВЛАДИКА ПИМЕН – ЛИЧНОСТ НА ГОДИНАТА ЗА 2013
Екипата на „Фокус“, новинарите, уредниците и техничкиот кадар, спроведе анонимна анкета. Секој требаше да избере три личности кои, според него, ја одбележале 2013 година! Победникот е отец Пимен, кои се останатите?

2014 БЕТЕР ИЛИ BETTER ОД 2013?!
Ќе влезам како пророк во еден луд оптимистички филм. Ќе пишам „нормални желби“, кои верувам дека ќе бидат „остварени“. Особено имајќи го во предвид демократскиот хабитус на преродбенците. Во најголем дел се остварливи. Барем со ваква власт!

БРАНКО СЕ ВРАЌА ВО ПОЛИТИКА?
Со повлекувањето од челното место од СДСМ, довчерашниот лидер Црвенковски се повлече и од политиката и од јавноста. Но, дали тој дефинитивно решил да замине во политичка пензија?

ОБВИНИТЕЛСТВОТО „СЕ ОСМЕЛИ“
Под истрага е финансиската дубиоза на ВМРО-ДПМНЕ од избoрите во 2006 година! По изјавата на Самоил Малчески, дека иако не донирал за партијата, тој е на листата финансиери, Скопското обвинителство отвори предмет.

РИСТО ШИШКОВ ПАК ГО КОДОШАТ
Актерот Сашо Тасевски зборува за своите политички видувања, за тоа како ја губиме Македонија, за разочарувањето од менторот Љубиша Георгиевски, за уметниците во наводници и за состојбите во театарот.

Колумни:

Стојан АНДОВ
Како научник, Иванов беше должен да биде претпазлив и да предупредува дека широката програма за наоѓање докази за потеклото на Македонците од античките Македонци, едноставно нема научна основа.

Џелал ХОЏИЌ
Да не се пензионерите и странските дознаки, најверојатно ќе имавме социјална револуција. Но пензинерите и печалбарите нема да бидат во состојба уште долго да го одржуваат социјалниот мир во државата!

Рамадан РАМАДАНИ
Секоја година има своја убавина и секоја година за секого носи различна судбина, но ако се сложиме со насловот (ГОДИНА НАОПАКУ) за оваа година, тогаш веројатно и приказот би требало да се направи наопаку.

Синоличка ТРПКОВА
На Балканот, каде што царуваат војни, корупција, примитивизам, ентузијазмот лесно го одредуваат како знак на лекоумност, па и глупост. Ама, без ентузијазам – многу  „врвови“  би останале неосвоени.