950

by Фокус

ЛОШО ПОЛОШО
По бриселските случувања Груевски е политички осамен на тронот, идејната дружба со Ахмети е дефинитивно завршена, но неговата моќ за поигрување со политичките партнери и противници се уште е силна.

ДРВЕНИТЕ ПРАГОВИ!
На почетокот на овој век, Македонија беше локомотивата која силно го влечеше целиот Западен Балкан кон Европа. Како годините врвеа, локомотивата полека стануваше „Пампурче“ и бидна „фенерџија“.

БРАНКО СКАНДАЛ, ГРУЈО ФЕШТА
Партијата на Груевски кога беше опозиција зборуваше за скандал со земјиштето на „Рамстор“, ветуваше датум за преговори и Али Ахмети го нарекуваше криминалец. Во владините одаи, ги „препородија“ ставовите!

ЗОШТО СЕ ОТКАЖАВ ОД ВМРО-ДПМНЕ?
Доктор Тодор Ношпал е ортопедски хирург.  Неговата голгота почна откако доби отказ од Клиниката за ортопедија зошто јавно проговори за смртта на една пациентка. Објаснува дека книшката од ВМРО ДПМНЕ ја искинал уште пред отказот, оти е на страната на правдината.

ВМРО РАСТЕ, ДУИ И ДПА НУЛА?!
Политичките партии може да го зголемат партискиот имот, без тоа да подлежи на увид на институциите и на јавноста! Дали можеби во годините наназад се зголемиле квадратните метри деловен простор?

КОЈ КОГО ПРАВИ ЛУД!?
Владините институции почнаа да бараат печати, потписи и полномошна за да одговорат на барање според законот за јавен пристап до информации. Лако да се одговори, а да не се одговори?!

КАДЕ Е АНГЕЛ?
Ангел Стојанов пред две години беше претепан и киднапиран, по што му се изгуби секаква трага. Случајот доби судска завршница, но нема завршница на оваа животна приказна. Истражуваше екипа на „Фокус“.

Колумни:

Стојан АНДОВ
Деновите си минуваа, а од Глигоров и од Црвенковски немаше реакција. Си претпоставив дека тие директно му одговориле на професорот Хенке од САД, чие присуство за Македонија ќе беше драгоцено.

Синоличка ТРПКОВА
Овој наш карантин-затвор е соѕидан дома, од наш материјал, наши пари и од наша пот. Долго бил обмислуван тој од некој заробен, болен ум, што намерачил да го заштити народот од злиот вирус на слободата.

Џелал ХОЏИЌ
Пензискиот фонд е зависен од „инфузиите“ на Владата. Работничките права се скратени. Сиромаштијата расте. Сѐ е полошо, освен платите на најплатените менаџери. Најголемата месечна бруто-плата 85.142 евра.

Рамадан РАМАДАНИ
Го најдов настанот со кој се објаснува целото немање држава со која би се зачлениле во ЕУ. Вицепремиерско-разузнавачко-пензионерската дружба на Муса Џафери, Сашо Мијалков и Љупчо Тодоровски Радникот.