949

by Фокус

ЦАР ДУШАН ДУШМАНИ БУДИ
Поставувањето на Цар Душан можеби ќе поминеше незабележано ако српски „Телеграф“ не почувствува потреба да го одбележи настанот во суптилен антиалбански контекст. Потоа се разбудија од „Разбуди се“!

АНКЕТА „ФОКУС“ И „РЕЈТИНГ“
Во изминатите два месеца, ВМРО-ДПМНЕ изгубила 2,4 отсто од рејтингот, додека СДСМ го зголемил за 1,1 отсто, па сега разликата изнесува 3,9 отсто, наспроти 7, 4 отсто измерени во септември.

АФЕРА „ДОНАТОР“
На кој функционер од ВМРО-ДПМНЕ му се заканува робија? Ова прашање се поставува откако Малчески објави дека никогаш не донирал, а бил на списоци. Инаку, само на последните парламентарни избори партијата има дупкаод 3,3 милиони евра.

ТАЈНИ ВЛАДИНИ РЕКЛАМИ?!
Кога-тогаш, власта ќе мора да ја симне тајноста за тоа колку и каде се рекламира. Извинете што прашуваме, знаеме дека е класифицирана информација, ама, сепак, станува збор за наши пари!

„ТАТКО“ НА ВМРО Е ДИНКАТА!
Професорот Димовски поседува оригинални документи за основањето на ВМРО-ДПМНЕ. Според неговите кажувања, не Богдановски или Георгиевски туку Костадин Диневски – Динката е иницијатор на партија.

ЌЕ ЈА ТЕРААТ БУДАЛИТЕ!
За нас сега е најдобро ако ја оставиме оваа античка нарација да се изживее, ќе ја тераат будалите, што ќе ја тераат, како кога државата одлежува сипаници. Но, потоа, ќе помине колективното лудило, вели во интервју за „Фокус“ професорката  Јасна Котеска.

ГРАДОТ УБАВ ПАК ЌЕ ТРУЕ
Последните три години Скопје стана неславен рекордер, „најзагаден град во светот“. Градот и Министерството за животна средина, чекаат да заврне дожд, за да ги измие од одговорноста!

Колумни:

Стојан АНДОВ
Не треба да се импресионираме од позитивните стапки на раст и од нашето лидерство. Такви податоци му се сервираат како лажичка лексилиум на премногу возбудениот и збунет граѓанин на Македонија.

Џелал ХОЏИЌ
Откако фрли стотици милиони евра наши пари на глупости од кои ние, граѓаните, немаме никаков ќар, сега ќе нѐ задолжуваат со стотици милиони евра во Кина, за патишта кои Владата одбиваше да ги гради?!

Рамадан РАМАДАНИ
За ДУИ, иако тесен, сепак, има излез. За разлика од ДПМНЕ, која можеше само да дозволи Душан да биде шверцуван, но не знае што треба сега да прави со ваков, забележан и идентификуван, Цар Душан.

Синоличка ТРПКОВА
Никогаш не сме чуле приказни за „крвник-капиталист“ што сам ја отвора фабриката пред зори.  Приказните за тој  капитализам, се дел од гнилите Запад и Европа, кои токму затоа моментално се „распаѓаат“.