Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
СОЛ НА РАНА
Факт е дека, заклетвата, од правен аспект, се смета за декларативен чин, а државните претставници на сите нивоа се должни на употреба на уставното име. Во приватната комуникација или во изборната кампања, тоа е друго ниво на однесување и одговорност. Таму слободно може и да ја запее: „Едно име имаме во душата го носиме, за него живот даваме о, Македонијо!“
СДСМ ВО КРИЗА
По дебаклот на двојните избори, Димитар Ковачевски најави внатрепартиски избори на сите нивоа, но не поднесе оставка од лидерската позиција во СДСМ на јасен и недвосмислен начин. Што ќе се случи на крај ќе покаже времето, но неофицијално веќе циркулираат повеќепретендентиза негов наследник…
ПРАВОСУДНИ ТЕЛА
Распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители најавува ВМРО-ДПМНЕ. Но, експертската јавност е децидна дека не постојат правни механизми за распуштање на Советите и секој обид за укинување на мандатите на членовите преку посебни законски измени ќе отстапи од Уставот и ќе создаде опасен правен преседан.
ЗДРАВСТВО
Со оглед на тоа што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи иднатавлада, „Фокус“ детално провери сѐ што ветиле во изборната програма, зада остане на хартија – што од тоа ќе исполнат? Притоа, може да се забележи дека во програмата на новата власт, предводена од Мицкоски,се укинуваат двата клучни проекти од времето на Груевски.
МЕЃУДРЖАВЕН ЗАЕМ
Не дека не ни е потребен кредит или развој на заспаната инфраструктура, но ако земање унгарски или словачки пари навистина биде првата одлука на новата влада, тогаш дефинитивно ќе испратиме силна геополитичка порака во негативна насока.
ДИВО НАСЕЉЕ
Поминаа девет години од вооружениот напад во кумановско Диво насеље. Извршителите со години се зад решетки, но организаторите и нарачателите никогаш не беа откриени. Пред четири години, директорот на Агенцијата за разузнавање достави нови докази, кои требаше да ги откријат главните сценаристи на монструозниот напад, но, за жал, предметот не се помести од предистрага.
БЕДНИЦИ И ПОБЕДНИЦИ
Лидерите што се попопуларни од своите партии, најпаметно е да ги крстат своите политички движења со кратенката што го дава нивното име.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Соломонското решение беше, да ја задржиме уставната формулација, а на крајот од членот 49 да додадеме алинеја: „Републиката, притоа, нема да се меша во суверените права на другите држави и во нивните внатрешни работи“.
Ана ПАНОВСКА
Со таквиот наметлив женски активизам и реторика на денот кога требаше да ги чуеме нејзините основни политички пораки како претседател на државата, во поглед на домашните и надворешно- политичките состојби и во тој склоп на безбедносните прашања, Сиљановска-Давкова, ламентирајќи за улогата и местото на жената во овој „машки свет“, всушност, ја потцени жената.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Од самостојноста до 8 мај 2024 година, СДСМ владееше вкупно 17 години, иако победи само еднаш, на „историскиот“ 15 септември 2002 година, кога „ја зеде судбината во свои раце“. Немаше капацитет, но факманите во целиот изминат тридецениски период градеа стереотип со наратив за „државотворна“ партија и го „преведуваа народот жеден преку вода“.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, со право ќе се заколнеше дека е претседател на Македонија. Но, за наша, моја и нејзина жал, таа е претседател само на Република Северна Македонија, како меѓународно признат правно-политички субјект.