1492

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ПРИНЦИПИ И ИНТЕРЕСИ
Ако има доследност во однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ, каде ценат дека не можат да спроведат антикорупциска кампања во заедничка влада со ДУИ, која тие ја означуваат како извор на корупција, тогаш зошто ДУИ толку инсистира да биде дел од влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ако навистина, како што велат, оваа партија негува шовинистичка реторика кон Албанците и спроведува проруска агенда?

ДВОЈНИ ИЗБОРИ
ВМРО-ДПМНЕ оствари убедлива победа на двојните претседателски и парламентарни избори, а СДСМ  доживеа изборен дебакл. Во албанскиот блок, најмногу гласови и пратеници освои коалицијата на ДУИ, но тоа е Пирова победа, со оглед дека веќе речиси сигурно е дека дел од новата влада ќе биде ВЛЕН. Вреди да се напомене дека пратенички групи ќе формираат и Левица и ЗНАМ. Ги издвојуваме главните поенти од најважните постизборни говори…

ВАЊА И ПАНЧЕ
Се бројат деновите кога Љупчо Палевски Палчо ќе биде вратен во државата, а, исто така, набргу ќе заврши и истрагата за двојното убиство на Вања и Панче. Според информациите на „Фокус“, обвинението ќе биде готово следниот месец, а потоа набргу ќе стартува и судењето. Во судница ќе се разоткријат монструозниот план и болните детали за трагедијата, која ја потресе целокупната јавност.

АГИМ КРАСНИЌИ
Косово е Мека за бегалците од Македонија осудени на тешки кривични дела и со дебело криминално досие. Последниот уапсен на Косово беше кондовецот Агим Красниќи, кој таму се гонел за обид за убиство. Македонија, него и неговите соработници ги бара со меѓународна потерница, но од Косово нема никакво официјално известување.

ЏИНГПИНГ ВО СРБИЈА
Дипломатски гледано, ова е најлош можен момент за посета на Си, кој не може да се протолкува никако поинаку, освен како директна провокација кон интересите на Западот во овој дел од светот. Со ова, Вучиќ барем краткорочно покажа како се позиционира на меѓународен план, но дали ќе успее по овој пат да ја повлече и потенцијалната нова власт во Македонија?

НЕУНИШТЛИВОСТ НА ПАРТИИТЕ
На ниту една партија не треба да ѝ се дава премногу власт, а и ниту една опозиција не треба да биде премногу немоќна. Власта треба да се плаши од опозицијата, опозицијата од власта, а и едните, и другите да се плашат од народот, ама и тој од нив, па да не им дава одврзани раце ни на едните, ни на другите, туку да ги држи на синџир, со цврста рака, која ќе знае да милува, ама и да казнува.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Кучан, изразува поддршка „на ставот на Бадентер дека Југославија се распаѓа врз основа на волјата на нејзините народи…“. Се согласува дека е потребна работна група за сукцесија. Вели: ,,Ако тоа се реши, сегашната борба ќе се трансформира во борба за економска соработка во Југославија и пошироко во југоисточна Европа. Потребен е мир и реконструкција и кога ќе бидеме суверени држави, таква соработка ќе следи“, заклучува Кучан.

Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Многу сликовита парадигма за феноменот на пребришани умови и испрани мозоци беше првиот круг од претседателските избори, кога, милом или силом, излегоа речиси сите гласачи за кланот на дуиџиите. Немаше, ама баш никакво значење што струшкиот градоначалник Рамиз Мерко е на црната листа на САД. Дуиџиите извојуваа убедлива победа.  Се повтори и во Кичево, иако Зајас, родното место на Али Ахмети, сѐ уште нема канализација.

Ана ПАНОВСКА
Разлика, сепак, постои. СДСМ е свесен за своите слабости и за немоќта сам да ги совлада многуте дефекти на системот. Свесен е дека кондицијата и волјата на другите политички партии е крајно ограничена, па затоа со сите сили беше загнат да се приближи до земјите од Европа, до нивните фондови, до нивната системска организираност и до нивниот начин на размислување и дејствување.

Драган КОЛЧАКОВСКИ
На времето за по дома „братство и единство“, а кон соседите дистанца, згора низ образовниот систем и омраза кон истите. За тогашната СФРЈ и нејзината тогашна, меѓународна позиција, таквата нејзина доктрина ако ѝ држеше вода, од позиција на независна држава со истата доктрина, ако и натаму продолжиме, појдовме низ вода…

Стефан БОГОЕВ
Овие избори се или нов почеток, или тежок крај за СДСМ. Што од овие две опции ќе биде, зависи од сите нас, членовите и симпатизерите на партијата. Сега е време во кое е потребна прво длабинска анализа за тоа каде сѐ се згреши и кој згреши. Иако згрешивме во некој дел сите, сепак, да видиме кој суштински и сериозно направи чекори што доведоа до ова.