1488

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

БЕЗГРЕШНИ
Партиските каравани тргнаа во лов на гласачи и нема да запрат до 8 мај. Наголемо, од сите страни, се ветува нова светла и розева иднина, но на народот никако да му се тргне црнилото од пред очи и да му сераздени.

ИСЧЕЗНАТИОТ САМОИЛ
Пресудата за двајцата обвинети за грабнувањето на младиот Самоил Костадиновски и по повеќе од една година не донесе одговори што се случи со младото момче, за кого не се знае дали е жив или мртов. Додека него го нема, секој има различна верзија што се случило.

СИНДИКАЛЦИ
Во јавното здравство постојат неколку Синдикати и секој од нив си има своја шема на функционирање. Се би било во ред кога главната цел ќе биде да ги заштитат сите оние кои им плаќаат  чланарина, ама сепак крајот го краси партиската позадина.

КАМПАЊАТА И СОСЕДИТЕ
Трите последователни влади на СДСМ и ДУИ веројатно беа максимумот што можевме да го постигнеме во добрососедската политика. Што и да се случува по 8 мај, сигурно ќе биде проследено со полоши односи и кон Софија, и кон Атина.

РЕВИЗОРСКИ ИЗВЕШТАИ
СДСМ лани потрошила повеќе пари на рекламирање, а го стегнала кесето за плати и надоемстоци. ВМРО-ДПМНЕ, пак, собрала симболични членарини. Што се однесува до ДУИ, таму како најголеми донатори фигурираат 4 физички лица со исто презиме.

ДУЕЛИ
Не треба да се тагува поради фактот што нема да се одржат таканаречените мастер дебати, во кои не двајца, туку седум кандидати ќе разменуваат идеи, ставови и мислења. Арно ама, ако од де јуре дуели може да се избега, од де факто судири на концепти и понуди не може.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Додека чекавме во фоајето со претседателот Глигоров, средбата ја напушташе Туѓман со својот соработник Марио Нобило. Алудирајќи на полагање на факултет, Туѓман со смеење ни порача дека испитните прашања не се тешки.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Системот на џендер „вредности“ тврди дека сѐ е конвенција и човек може да се идентификува како сака.  Да се чувствува и самоидентификува како мачка, глушец, куче, зајак, диносаурус.

Ана ПАНОВСКА
Може сдсмовциве сите до еден да си заминат, може и партијата да ја снема, јас докрај ќе ги бранам моите ставови околу ЕУ, околу македонштината, тоа мое интимно национално чувство што не бара јавни, срцепарателни изливи на љубов.