1487

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА
Сега е популарно да работиш на проекти, а никој да не знае што е проектот. Тоа го разбираат само мал дел од луѓето што добро заработуваат од тоа. За тие пари и тие проекти, јавноста дознава дури кога ќе се направат злоупотреби.

КОВИД БОНУСИ
За време на ковид пандемијавладата реши да ги награди здравствените работници.  Меѓу нив беше и УК за физикална рехабилитација, каде има 136 вработени. Сепак, дел од вработените тврдат дека воопшто не добиле никакви парични награди и поради тоа покренале тужби.

КАМБЕК НА „НАЧАЛНИКОТ“
Затворските маки на Мијалков ќе му завршат на крајот на годината. Иако, собрано со притвори, тој ќе помине едвај три години зад решетки, сепак е еден од ретките обвинети од СЈО, кој сепак заврши во затвор. Последниот предмет против него застарува во јули.

ИЗБОРНИ СЦЕНАРИЈА
Секоја изборна единица носи специфични изборни битки, кои ќе го одредат вкупниот резултат и исход, но ќе влијаат и врз многу лични планови и амбиции, како и врз идните постизборни разврски. Сето тоа ќе зависи од бројките, кои сите се обидуваат да ги максимизираат преку одредени кампањи.

НОВ 11 СЕПТЕМВРИ
Ако руската страна успее да докаже дека Киев на каков било начин е поврзан со терористичките напади во Москва, тоа од корен може да ги промени работите. Убаво се памети ентузијазмот за мобилизација кај Американците по 11 септември 2001 или, пак, по нападот на Перл Харбор.

ПОЛИТИЧКА НОСТАЛГИЈА
Носталгијата како психолошки феномен е спротивна појава од траумата. Кога си трауматизиран, на лошите нешта што ти се случиле не можеш да заборавиш,  колку и да се трудиш. Те прогонуваат тие спомени и те измачуваат во умот, во мислите, во соништата, оти нема бегање од нив.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Години подоцна, во сведоштвото на еден грчки дипломат, директен учесник во разговорот за поделба на Македонија, ќе се покаже дека таква понуда навистина била упатена до Мицотакис од Милошевиќ. Кутиљеиро ја зборувал вистината.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Поентата за македонските политичари родоотстапници е во сакањето и почитувањето на туѓото, а мразење и омаловажување на своето. Својата земја ја есапат за туѓа. Со такви „си имаме многу татковини, сѐ си имаме, а утре можеби народ ќе немаме“.

Ана ПАНОВСКА
СДСМ и да успее да направи влада, ќе биде за џабе во однос на нашите евроинтеграции. ВМРО-ДПМНЕ пак ќе ги облече оловните опинци, ќе блокира и повторно ќе нема двотретинско мнозинство за измените на Уставот.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Историјата и политичката пракса немилосрдно, одново и одново, покажуваат и докажуваат дека „љубовта“ на политичките партии и нивните „лидери“ кон граѓаните и државата, всушност, во својата основа се сведува на љубов кон парите на граѓаните.

Фатмир БИТИЌИ
Благородно треба да е чувството додека стоиш на собраниската говорница и зборуваш со гласот на тие што те избрале. А тие се повеќе од секој еден од нас. Воедно, во ниту еден момент не смееме да заборавиме која е уставната позиција на Собранието.