1483

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ПАРТИЈАТА Е НАША СУДБИНА
Кој и да победи на овие „историски“ избори ќе добие слаби институции во кои работат неколкумина професионалци, послушни судии и обвинители, лекари кои половина живот го жртвувале за да им се поклонуваат на минливите „авторитети“, незадоволни наставници и професори.

ТРАГИЧНА СУДБИНА
Приказната на 37-годишниот Јане од Прилеп е вознемирувачка. Тој веќе 20 години е во будна кома, а од 2007 година е сместен во прилепската болница. Неговото семејство за „Фокус“ сведочи дека поминало трнлив пат по здравствените лавиринти, но за Јане не се нашол начин да замине на лекување во странство, каде што неговите блиски очекуваат дека тој ќе има подобрување на здравствената состојба.

ФАКТОРИ ЗА УСПЕХ
Поддршката од граѓаните или гласачите, коалицискиот потенцијал или капацитет и меѓународната поддршка важат за клучни фактори кои влијаат врз изборниот процес и ги определуваат политичките разврски. „Фокус“ анализира кој од овие параметри повеќе и одат во прилог на власта, а кои на опозицијата.

ИЗМЕНИ НА КЗ
Иако политичарите убедуваа дека измените на Кривичниот законик се незначителни, сепак по седум месеци резултатите се фрапантни. Висат стотина предмети, од кои дел веќе паднаа како круши, а останатите се на пат да скапат на ист начин.

ПАНДОРИНАТА КУТИЈА
Во првата фаза би се испратиле контингенти на војници, кои „случајно“ би биле разместени во касарните и на аеродромите заедно со украинските војници и воена техника, што би требало да ги одврати Русите од непречено ракетирање.

МАРКЕТИНШКИ СТРАТЕГИИ
Ветуваш посветла иднина и сите мислат дека со тоа само сакаш да го скриеш сопственото темно минато. Ветуваш мед и млеко и сите мислат дека со медот сакаш да им наштетиш на дијабетичарите, а со млекото на тие што се алергични на лактоза.

СТРУМИЧКИ КАРНЕВАЛ
Се очекуваат голем број посетители, не само од земјава, туку и од соседна Бугарија, а повеќето од нив доаѓаат организирано, со автобуски превоз. Најавено е доаѓање на гости и од Србија, Хрватска, Италија, па и од Германија.

ПРОМОЦИЈА НА „СЕ ГЛЕДАМЕ ВО АВГУСТ“ НА МАРКЕС ВО СВЕТОТ, НО И ВО МАКЕДОНИЈА
Романот од 6 март, на роденденот на Маркес, може да се купи во македонските книжарници, а веќе неколку недели беше достапен во преднарачка на веб-сајтот на издавачката куќа.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
И додека ние на Конференција упорно работевме на мирно решавање на кризата, реалниот живот си зеде свој тек. За жал, со текот на месеците се покажа дека некогаш единствениот ефикасен инструмент е на силата да ѝ се спротивстави сила.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Марионетите на западните кукловоди, забораваат или се прават недоветни дека  руското влијание кај нас заврши уште во далечната 1948, со историското „не“!

Ана ПАНОВСКА
Ако во оваа прилика ги исклучиме двајцата албански кандидати, на прв поглед изгледа дека сите кандидати, застапници на национал популистичкиот концепт, со сета сила ќе се нафрлат врз Пендаровски, кој е антипод на нивната националистичка политика.

Драган КОЛЧАКОВСКИ
Ние, малку повозрасните негодуваме, коментираме, што сѐ не кажуваме, а последен пат сме разлистале учебник по историја кога Тито и Хрушчов ни дојдоа во Скопје? Не знам како ни успеа, ефенди Реџеп Таип Ердоган без да нѐ „тегне“ за уши од образовниот систем да го исфрлиме поганиот поим „турско ропство“? Затоа, пак, нашите најповикани, историчарите, искажаа жесток отпор на меѓусебниот договор за корекции во учебниците во БГ и МКД.