Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЖИВОТОТ ПРЕД СÉ
Лекарите што се пијани и го ставаат животот на пациентите во опасност, корумпираните и нестручните секогаш ќе завршат на страниците на „Фокус“, со оглед на тоа дека јавниот интерес е пред сѐ. Поточно, животот на пациентите е пред сѐ.
СОБРАНИСКИ ИГРИ
Изборниот законик, за чии измени се зборуваше со месеци, уште никој нема абер да ги предложи во Собрание, но затоа наголемо се туркаат измените американската листа да се вдоми и кај нас, како предизборен „удар“ за криминалните политичари.
ИНТЕРВЈУ – ГАВРИЛ БУБЕВСКИ
Очите на јавноста се вперени скопското обвинителство, исчекувајќи резултати од истрагата за двојното убиство на Вања и Панче. Според Бубевски, нема пречка за брза екстрадиција на Палчо, а, како што вели, доказите одат на иста линија со исказите на осомничените.
ТУРБУЛЕНЦИИ ВО МОК
„Фокус“ го истражува спорниот закуп на дел од спортско рекреативниот центар „Кале“ од страна на поранешниот советник за спорт на експремиерот Зоран Заев, Даниел Димевски, кој сега се бори за втор мандат на чело на МОК, откако спортски федерации и работници побараа негова смена
ПРЕВИРАЊА ВО АА
Сега е јасно дека опозицијата на наднационално ниво се обидува да ги збие своите редови и конечно по две и повеќе децении да ја испрати ДУИ во опозиција. Однапред треба да се знае дека тоа ќе биде еден макотрпен процес.
КОАЛИЦИРАЊЕ
Во коалиција, на старт се знае кој партнер што бара и колку нуди и што ќе се случи ако не му се даде тоа што му било ветено или не го обезбеди тоа што го ветил. Чиста работа.
ПОРТРЕТ НА СКОРСЕЗЕ
Многумина велат дека е заштитен знак на Њујорк, а тој се чини дека одлично го знае пулсот на градот, бидејќи му е вечна инспирација во филмовите.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Еден друг настан што нѐ чека во ноември оваа година може да внесе хаос и закана за Европа. Новата историска случајност, новата неизвесност се вика можноста од повторното враќање на Доналд Трамп за претседател на Америка.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Верувале или не, во малата и бедна Македонија, во која владеењето на правото е мислена именка, има триесет и три правни факултети! Глава боли! Балканска „Силиконска долина“ за штанцање дипломи.
Ана ПАНОВСКА
Солунските атентатори имале и една многу битна разлика во нивното дејствување наспроти ВМРО, кое, счипчено за бугарскиот двор, се занесувало дека за ослободување на Македонија од Турците доволна им е само Бугарија, која, во Илинденското востание ги оставила на цедило.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Ако се погледнат предизборните анкети (независно од нивната веродостојност), ќе се види дека ниту една од „главните“ политички партии не може да смета на повеќе од 20 отсто од избирачкото тело.
Сања ЛУКАРЕВСКА
Каква коинциденција! Писмото на Кетрин О’Брајан (со наслов „Трамп претставува сериозна закана“) како да е напишано за сите светски и наши Трамповци. Ние со години бевме навикнувани на писма како повик. Повик за конечна пресметка.