1478

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

„ГОЛЕМИ“ И „МАЛИ“
Од казната произлегува дека возачот палел-гасел во „Дурмо турс“. Тој возел, тој организирал, тој вградувал манипулатор, тој имал станица за технички преглед, која замижувала пред сите неправилности. Секако дека возачот не смеел да се согласи да управува неисправен автобус, но уште помалку Белули требало да го дозволи тоа.

НЕИЗГРАДЕНИ ФАКУЛТЕТИ
Згаснатата „Бетон Штип“ на Камчев, Панделески, Митроски во 2015 година склучи договор со МОН за изградба на 2 нови објекти во кампусот на УКИМ, каде треба да бидат сместени ФИНКИ и ДИВ. Иако ги проби роковите, компанијата ги изгради објектите само до фаза на карабина, за што од 2016 до 2019 година инкасирала околу 3 милиони евра. Но, ова друштво падна  во стечај, а МОН со години нема нема избрано нов изведувач.

СКАНДАЛ ОНКОЛОГИЈА
По пет месеци предистрага, покрената по написите во неделникот „Фокус“, јавен обвинител и полиција, во раните утрински часови, во вторникот влегоа на клиниката за Онкологија, каде што го барале ексдиректорот Нико Васев, секретарката Елена Џонова, како и медицинската сестра во дневна болница, Славица Спасовска, кои биле повикани на сослушување. Приведен бил и шоферот на Васев, Спиро Дамески.

ИНТЕРВЈУ САЊА ЛУКАРЕВСКА
Вториот човек на СДСМ не се плаши од изборното соочување, и покрај нискиот рејтинг на партијата. Вели дека не е првпат СДСМ да ги плаќа државничките одлуки со привремено намалена популарност, но верува дека граѓаните ќе ги препознаат вистинските вредности на подолг рок. Односот на Бихаќка кон ДУИ и Калето не го доживува како поданички, туку како партнерски.

НЕПРЕДЛИВИДЛИВА ИДНИНА
Некогашните непријатели, кои беа на спротивни страни во една војна, портпаролот на МВР, Стево Пендаровски, и командантот во ОНА, Талат Џафери, денес се претседател и премиер на една иста држава. Некогашните политички сојузници Христијан Мицкоски и Данела Арсовска, денес се огорчени непријатели…

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Никогаш во модерната ера не сме биле поблиску до нуклеарна војна, велат нуклеарните научници, кои сказалките на часовникот ги имаат поставено на 90 секунди до атомска војна. Што можеме ние да направиме? За почеток, да престанеме да ги гнетиме живите души на нашите деца во мртвите кожи на нашите предци, само за да добиеме на избори и да зачекориме заедно со сојузниците.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Во современ жаргон, како ибрикчија се означува подлизурко, дупелижач, но истовремено и човек што го пере посраниот пешкир. Како ритуал, замивањето достигнувало кулминација во моментот кога султанот ќе почувствувал дискомфор во дебелото црево по што на помош притекнувала суријата со главниот ибрикчија.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
И на Македонците и на Албанците им е преку глава од „преродби“ и „преродби на преродбите“, прашањата за јазикот, знамињата итн. зад кои се кријат голиот криминал и корупцијата. Досегашната политичка пракса покажа дека идеите и политиките се жртва на парите и интересите, а не обратно.

Ана ПАНОВСКА
ДУИ отиде дотаму што изборот на Џафери си го припиша како нејзин успех во борбата за сеалбанската кауза насекаде низ Балканов каде што живеат Албанци. Недолична реторика, која ги дразни дури и умерените Македонци.

Бисера КОСТАДИНОВСКА-СТОЈЧЕВА
Со овој Закон, пропишано е задолжително лекторирање на сите материјали. Со доследната примена на овој Закон, ќе се пристапи кон вработување лектори по македонски јазик во сите државни институции и агенции, во училиштата, во издавачките куќи, во медиумите, и секако дека со тоа ќе се зголеми интересот за студирање македонски јазик.