1477

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ТЕХНИЧКА ВЛАДА
Уште неформирана, техничката влада се заканува да предизвика политички проблем. Доколку опозицијата остане надвор од владата и не го постигне посакуваниот изборен резултат, тогаш речиси сигурно ќе ги спори изборните резултати и веродостојноста на изборниот процес. Зошто власта ризикува такво сценарио?

БОЛНИЦА НА ХОРОРОТ
За само неколку месеци, во клиничката болница во Битола починаа младо момче, петгодишно девојче и две новороденчиња. Во меѓувреме, клиниката беше „сардисана“ од јавни обвинители, за што се отворија и неколку истраги. Докторот, пак, кој пиел за време на дежурство, со години наназад бил заштитен или игнориран.

ФАМОЗНАТА АГЕНЦИЈА
Основачот на кичевската „2 СС Кичево“ е од ЛДП, а неодамна стана и директор на Агенцијата за пошти. Агенцијата за обезбедување ја продал на лица, кои во последниве години добиваат наголемо тендери од институции со кои раководи кадар на ДУИ.

ДОЛГОВИ
Уставниот суд пресече дека старите долгови застаруваат. Граѓаните прогласија победа, иако државата како најголем должник е вистинскиот победник. Владата, пак, замолкна пред налутената бизнис-заедница. Дали таа на крајот ќе го плати цехот?

ЖЕЛБИ И РЕАЛНОСТ
Политички неодговорно е да се верува дека ако на ВМРО-ДПМНЕ му биде украдена победата, на сила ќе може да им се одземат и дел од пратениците за очигледно неопходните уставни измени. Алтернативното сценарио е нивна премолчена согласност за брзи постизборни уставни.

КАДРОВСКИ РОКАДИ
Значи, извршната власт работи според директивите на ЕУ и НАТО, де факто највисоко тело на судската власт е фамозното Кале, а и во законодавната власт, од пратениците се очекува верно и без размислување да ги следат наредбите на нивните партии.

,,ВОНКА”
Знаете ли дека Вили Вонка измислил повеќе од стотина различни нови чоколади, секое со различен вкус, далеку посладок, покремаст и повкусен од која било фабрика за чоколади?!

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Само неуки политичари, новинари и интелектуалци бараат свет без влијанија разбрани како начин да се принуди некој да направи нешто што не би го направил освен под притисок. Таков свет без надворешни влијанија, без интереси, без моќ и сила, не постои.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Изминаа триесет и три години и не се промени ништо. Сѐ функционира според старите методи и принципи наследени од едноумието. Останаа само младешките идеали, изгубените илузии, прашањето „За што се боревме“ и одговорот: „За ништо“!

Ана ПАНОВСКА
Пред некој ден налетав по телевизииве на еден познат лик, типичен пример за раскошен „непотизам“, и по вертикала и по хоризонтала – Игор Џамбазов!!! „Без срам и перде“ раскажува за неговиот дедо Петре Прличко,за неговата мајка, Анче Џамбазова.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Сведоци сме на тоа како завршија и ќе завршат „судските постапки“ против Мијалков, Груевски, Камчев итн., но сведоци сме и за отсуството на какви било правосудни постапки за осведочен криминал во редовите на други партии.

Фатмир БИТИЌИ
Ова не е некое ново ВМРО-ДПМНЕ, оваа е истата политичка структура, вториот ешалон од времето на Никола Груевски сега стана прв. Политичари, поставени на авторитарни и националистички темели, сега повторно ќе ја бараат довербата на граѓаните.