Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
НЕ ВО МОЕ ИМЕ!
Судијката што ја негираше ИРЛ како медиум, е истата што го осуди и „Фокус“ за клевета и навреда, во случајот со Мијалков. Од Стразбур ѝ стигна абер дека згрешила, но таа и понатаму ужива да става ред во новинарството.
РЕПОРТАЖА ОД ИДРИЗОВО
„Фокус“ беше во затворот и во неговиот затворен дел, место каде што е суштината на проблемот и од каде што извира целото незадоволство. Што видовме на самото место?
МОНОПОЛСКИ ТЕНДЕРИ
Скапата имунолошка терапија се користи на Онкологија, Хематологија, Ревматологија, Гастроенхепатологија Неврологија… Околу нејзината набавка, голем удел има веледрогеријата „Др. Пановски“, која од 2018 година досега речиси ги удвоила и приходите и добивката.
ПОЛИТИЧКИ РАЗВРСКИ
Додека СДСМ опстојува на позицијата прво да се одржат претседателски па потоа парламентарни избори, ДУИ презентираше поинаков став, кој предвидува двојни избори, што всушност е на линија одамна промовирана заложба на ВМРО-ДПМНЕ, но и на албанската опозиција.
ИЗВЕШТАЈ НА ЕК
Без разлика кога ќе ги почнеме преговорите со ЕУ, уште отсега може да се насети во кои кластери и поглавја однапред ќе кикснеме. Овде веќе не се работи ниту за желба, ниту за политика, туку за немање капацитет со децении да се справиме со клучни прашања.
СТАГНИРАЊЕ
Да знаат гласачите какви ѓубриња ќе испаднат лидерите на партиите за кои гласаат, и дека утре ќе им свртат грб, изневерувајќи ги сите дадени ветувања и ќе се богатат на нивна сметка, би гласале ли на изборите за нив?
ЖЕНАТА ВО ЕСЕН
Вниманието би требало да се насочи кон трајните парчиња, кои се класика и претставуваат задолжително парче облека. Тоа со сигурност го гради стилот, за кој треба време, а многу потсетува на градењето куќа.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Пред портите на ОН, Глигоров одигра на сигурно – подобро врабец во рака отколку гулаб на гранка, го заобиколи парламентот и ја внесе државата во светската организација на држави.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Во изминатите шест години, главен и единствен „реформски проект“ на „дуиџиите“, како господари, и измеќарските „комуњари“, беше прифаќањето на францускиот предлог за бугаризација. Најновиот катиљ ферман потврди дека клучен проблем не биле уставните измени, туку системскиот рушвет и алчност.
Ана ПАНОВСКА
Мнозинството, колкаво и да е, треба да гласа за уставните промени. Ако пропадне предлогот, а со тоа и продолжувањето на преговорите со Унијата, има секој да си ја понесе својата одговорност. Најтешката одговорност ќе ја има опозицијата.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Еден ден „избраните и именуваните“ ќе искажат „длабока загриженост“, вчудовиденост, изненадување и уште што ли не кога на некој, на кој ќе „му се стемни“ од институционалниот криминал и корупција ќе посегне по животот на кој било судија, обвинител, државен великодостојник.
Бисера КОСТАДИНОВСКА-СТОЈЧЕВСКА
Не сакам пораки од реалниот живот што се режирани! А особено не сакам тие пораки да ги „делат“ тие што едвај се здобиле со соодветно образование.