1466

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

„НОЖ ДО КОСКУ “
Голема е веројатноста Груевски да ја раситни ВМРО-ДПМНЕ, но и од СДСМ ќе остане само кусур. ДУИ, пак, обединета ќе ја однесе победата, та нели веќе се крунисаа. Како стои работата, ножот одамна е дојден до коска. Сега улогата ја презема сатарот, кој е на пат да ја пресече и неа!

ДРЖАВНИ ПАРИ ВО ПРИВАТНИ БОЛНИЦИ
Од 2019 година, болницата на кардиохирургот Жан Митрев добила околу 49 милиони евра, додека „Систина“, поврзана со Орце Камчев, околу 39 милиони евра од ФЗОМ. Станува збор за средства исплатени за зафати на срце, кои се прават во неколку болници низ државава, а од 2015 година профункционира и Државната кардиохирургија.

ПРЕГРУПИРАЊЕ НА ПОДЗЕМЈЕТО
Одземањето на моќта на „Дуќанџик“ и групата од Грчец била цел на повеќе криминални структури со политичко-полициска поддршка, кои предизвикаа земјотрес во скопското подземје. Мета за отстрел во оваа битка стана Штекли, кој бил дел играта на сојузот „Беланоца“ – „Барон“.

ИНТЕРВЈУ – ГОРАН МИСОВСКИ
Во интервју за „Фокус“, Мисовски говори за односите со Петковски и за состојбите во НСДП, за плановите на власта предводена од СДСМ и ДУИ околу претстојните избори, за однесувањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ кон уставните измени и евроинтеграциите…

АВТОПАТ КИЧЕВО-ОХРИД
Очигледно, судирот и финансиските разидувања на релација Македонија – „Синохидро“ се толку големи, што ваков политички непопуларен потег пред избори е изнуден. Без разлика што ќе излезе на крајот од оваа игра, факт е дека цел еден регион, на кој поради туризмот му е неопходна добра инфраструктура, се пушта низ вода.

НЕПРИНЦИПИЕЛНИ КОАЛИЦИИ
Таму каде што на партиите се гледа како на верски секти, нивните приврзаници ќе се мразат едни со други, но таму каде што на партиите се гледа како на фирми водени, пред сѐ, од бизнис-интереси, приврзаниците на различните партии не се мразат, туку напротив, и на најниското ниво на хиерархијата градат мрежи на меѓусебни контакти.

ЗБОГУМ, ЧЕНДЛЕР!
За него не сака да се зборува за тоа колку голема е серијата „Пријатели“ и колкава слава му донела, туку како успеал да се избори со своите зависности и како почнал да им помага на другите што го имаат тој проблем.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Инсистирав на седница на Собранието на која би постигнале договор. Претседателот не се изјасни, само промрморе: „Зошто се врати од Њујорк?“ и, за првпат, благо заповеднички рече: „Врати се таму“. Му одговорив дека нема да одам во Њујорк без заеднички став, зашто ова е момент на одлука, која големите западни сили ја очекуваат од нас, токму како што им ветивме.

Ана ПАНОВСКА
Факт е дека настапот на господинот Исмет Рамадани во дебатната емисија на „Канал 5“ беше доста несмасен, но беше далеку од грубата националистичка реторика што се допушта во оваа „култна емисија“ од редица омилени гости на уредништвото – Македонци.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
ЕУ си има свои прагматични цели, кои ќе ги остварува со или без Македонија. Брисел е само центар на евроунијата, бирократска прагматична машинерија. Сеедно ѝ е дали прекрстената територија со „смачканото племе“ ќе опстане или не како држава.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Единствениот заеднички именител на политиката и политичкото дејствување на политичките партии се парите. И тоа не какви било пари – туку големи пари. За толку многу пари до кои се доаѓа или преку Буџетот или преку криминал и корупција, вреди политички да се организираш и факторизираш.

Фатмир БИТИЌИ
Тој пристап, не само економски, туку и политички, ценам дека доколку се негува и развива на јавната сцена, ќе изгради цврсти бариери на неуморната националистичка потрага по „непријатели“, кои нешто од некого зграбуваат, дали тоа се автопатишта, хидроелектрани, природни или, пак, културни ресурси.