1465

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ДРЖАВАТА И МАФИЈАТА
Мафијата кај нас, како што тврди и Спасовски, не смее да биде над државата, таа е со државата. Со државата се криминалците, исто како и функционерите за кои преку ноќ се менува Кривичниот законик и им застаруваат делата. Тие се иста „каста“ со нив. Заштитени и недопирливи.

БИЗНИС-ИМПЕРИЈА
Без разлика што членовите на семејството Камчеви имаа проблеми со законот, тоа не значи дека нивниот бизнис трпеше, туку низ годините фирми никнуваа како печурки. Една од нив е „Р&Д Центер“, од која заштитна опрема набавувале министерства, институции и доста болници.

КАЗИНО ВО ВИЗБЕГОВО
Новите податоци до кои дојдовме откриваат дека тетовската „Гаминг Професионал“, во чија сопственост е казиното „Плеј 4 Вин“, го изнајмила објектот од „КСНМ Тецхнологиес“, во сопственост на косовскиот државјанин Астрит Красниќи и од уште еден Изралец – Јаков Сиван, кој воедно е партнер во „Вју Тек“ со Зив Ерез, што работел овде на изборите во 2020 и 2021 година.

НОВ ДЕЛОВНИК
Новиот Деловник предвидува неколку новини во работата на законодавниот дом, а меѓу поважните се што ќе има ограничување на амандманската расправа на пет дена во редовна постапка, на три дена во скратена постапка и на два со европско знаменце.

КАКОВ ПОТЕГ ЌЕ ПОВЛЕЧЕ ИРАН?
Судејќи по досегашната практика, Иран нема директно да се вклучи во овој конфликт, туку ќе продолжи да ги вооружува и да ги помага своите лојални милиции насекаде низ регионот, сѐ до онаа критична точка, која би значела копнена интервенција на САД или „трета пустинска бура“.

БЕНЕФИТИ ОД НЕШТЕДЕЊЕТО
Некои освојувачи низ историјата, кои кога ќе пристигнеле со бродови на некој непријателски брег, по истоварувањето на војската и опремата, бродовите со кои стигнале ги палеле, сигнализирајќи со тоа дека враќање назад и бегање нема, мора или да се победи, или да се умре во битка. Некои од тие примери завршиле со катастрофален пораз, но некои и со успех што влегол во легендите.

НОБЕЛОВЕЦОТ ФОСЕ
Пишувањето ми е стил, начин на живот. Почнав да пишувам кога имав 12 години, а сега имам 64. Пишувам многу години. Тоа е тоа што ми треба.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Додека траеле разговорите меѓу две делегации во Босна, треснала граната, која предизвикала паѓање малтер врз главите на преговарачите. И додека странците, за да се заштитат, истиот миг се фрлиле под големата преговарачка маса, домаќините „храбро“ седеле на своите места. Со смеење и, претпоставувам, со презир, ги повикале „кукавиците“ да излезат од под масата. Смешно? Не. И таквата состојба на умот е виновна за војните во Југославија.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Некој нов државен јавен обвинител, како што тоа сега го прави актуелниот Љубомир Јовески, во своето работно биро ќе чува и ќе сокрива кривични пријави за високоорганизиран криминал и корупција, перење пари, трговија со влијание итн…

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Испоснетите и една деценија апстинирани од власт „комуњари“, со Шарена револуција предводена од аболираната „Невестулка“, изврши мек државен удар за уривање на криминалното и корумпирано „злосторничко здружение“. Најголемата измама, злоупотреба на народот и предавство на националните интереси.

Ана ПАНОВСКА
Ми се чини дека преовладува едногласниот лелек што се слева од сите грла против огромниот криминал, кој, божем, страшно ги загрижува, ама потајно му се восхитуваат и посакуваат барем еден ден да се најдат на местото на Мијалков… Камчев… хотели, вили, фирми, јахти, бесни коли, фолк-забави во луксузниот „Мериот“.

Стефан БОГОЕВ
Прашувам јавно, ако има недостиг од енергенси или храна во светот, кој ќе ни помогне ако сме сами и изолирани!? Апасиев и Мицкоски треба да кажат кој ќе ни помогне ако повторно има бегалски бран!? Да не се лажеме, ние сме мала земја и во вакви тешки ситуации, секоја помош ни е насушно потребна. Време за политикантство нема.