Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ПОМИРУВАЊЕ
И додека сѐ уште се свежи раните од владеењето на Груевски, власта и јавно повика на помирување. Ќе се смиреле, ама нема да му простеле. Ќе му ги ублажеле казните, но немало да му заборават!?
РАЗГОВОР СО ОБВИНИТЕЛКАТА ГОГОВСКА-ЈАКИМОВСКА
Главната обвинителка Гоговска-Јакимовска, која го води предметот ,,Онкологија”, вели дека доказите се веќе обезбедени и дека се прави темелна истрага, која е проширена и во Косово и во Албанија.
ИНТЕРВЈУ – АРБЕН ТАРАВАРИ
Тој верува дека ќе се изгласаат уставните измени во последен миг со помош на ВМРО-ДПМНЕ, откако ќе се дадат одредени гаранции дека нема да има други бугарски барања на патот кон ЕУ. Доколку не се случи тоа, предупредува дека ќе се отвори Пандорина кутија.
БИЗНИС СО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ
Порано, главно обезбедување беше „СГС“ на Мијалков. Без оглед што во меѓувреме тој заврши во затвор, сепак, неговата „СГС“ сѐ уште е присутна на сцената. Но, највредни тендери добива „Никоб“.
ПЕКОЛ НА БЛИСКИОТ ИСТОК
Веќе однапред се знае дека израелската операција во појасот Газа ќе биде најкрвавата кога било видена. Но, тоа не е ништо во споредба со долгорочните импликации што може да се изродат ако Арапите се сетат дека сега е вистинскиот момент да се нападне непријателот од сите четири страни.
ЕСКАПИЗАМ
Она што вреди да се има, вреди и да се плати. Оној кој сака народот и јавноста да му покаже интерес и да му посвети внимание, треба да вложи труд и да го заслужи тој интерес и да го заработи тоа внимание.
ЛЕТОТО ВО ТЕГЛА
Во минатото, главна преокупација кога ќе дојде есента, не беше дали ќе се прави ајвар, туку кога. Дали ќе се прави за викенд или ќе се почека празникот 11 Октомври, ќе се прави една или две дози…
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Не само знаењето, туку и незнаењето може да ве направи несреќен. Несреќни луѓе што не сакаат ни да знаат за слонови, горили или китови во меѓународната политика. Толку ги навредуваат ваквите споредби што не избираат зборови да го навредат гласникот.
Ана ПАНОВСКА
Понекогаш ми се чини дека баш за инает на Албанците, кои како петкаши од првата клупа ги голтаат советите на Американците и Европејците, правиме сѐ за барем да ги сопреме да добијат висока оценка.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Уште во мугрите на демократијата, поетот Раде Сиљан во песната „Лажно време“ предупреди: „Си имаме многу татковини/ Сѐ си имаме/ А утре/ Можеби народ ќе немаме“.
Линдита КАДРИУ
Никогаш не беше на посета на своите во Скадар, ниеден глас од нив, ни абер, ни писмо. Така, учителката Елена остана занавек на едниот брег на реката Стикс, отспротива сите нејзини, и род, и другарки, и животната љубов Томо.
Јулијана ШТРКОВСКА-КОЛАРИЌ
Со оглед дека долгот на СФРЈ беше одржлив, обврските редовно се сервисираа и изнесуваше помалку од една третина од БДП, мит е констатацијата за презадолженост.