1461

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ИЗГУБЕНИ ЖИВОТИ
Главното соочување со тешката болест е моментот кога почнува да паѓа косата, па турбаните и марамите стануваат „заштитен знак“, имиџ на секој еден пациент, жртва на кој било вид карцином. Секој нов ден носи сѐ потешки удари, но и уште потешки одлуки.

ИНТЕРВЈУ – ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ
ДУИ е огромен генератор на институционален криминал, а СДСМ му асистираат во криминалот, како измеќари се и чекаат трошки, вели Мицкоски во интервју за „Фокус“. Тој е убеден во историска победа на следните избори, прогнозирајќи разлика од над 100 илјада гласа и 10 пратеници. Останува на ставот „против“ уставни измени и упатува критики кон ЕУ, бидејќи не смеело да има нови условувања по „насилната промена на уставното име“.

СКРАТЕНИ ПОСТАПКИ
Освен застарување предмети, во кои се гонат поранешни или сегашни функционери, измените на Кривичниот законик ќе предизвикаат и големи штети на идните истраги. Отсега, оние министри, градоначалници и други службени лица што ќе ја злоупотребат службената положба, ќе се гонат во скратена, наместо во редовна постапка.

РУИНИРАНО ОБРАЗОВАНИЕ
Додека родителите се жалат дека нивните деца учат во училишта во кои нема шајка заковано, ако се видат набавките на Министерството за образование, може да се помисли дека има градежен бум. Постојано се прават набавки за реконструкции. Само една тетовска компанија преку три тендери од МОН добила 5 милиони евра!

МИНИ-ВОЈНА ВО КОСОВО
Гневот на Белград е што во класична местенка, Приштина успеа да го изнесе на виделина сето она што заткулисно се прави во последниве две и пол децении. Сега постои реална опасност Србија да остане без ништо и голема е веројатноста дека тоа нема мирно да го прифати.

УЧЕНИКОТ И УЧИТЕЛОТ
Разликата меѓу тоа да сакаш нешто и да љубиш нешто е најдобро опишана преку метафората за цветот, кој ако го сакаш, го кинеш и го носиш на себе додека не се исуши, па го фрлаш и кинеш друг, ама ако го љубиш, тогаш не го кинеш, туку го полеваш со вода и го кубеш плевелот околу него, со цел тој цвет уште посилно да се расцвета и да трае со години и години.

ГОДИНА НА УРОШЕВИЌ
Награда за најдобар роман на годината и Златен венец на Струшките вечери на поезијата. Вака досега изгледа годината за македонскиот поет, писател и професор Влада Урошевиќ.

 

Колумнисти:

Денко Малески
Го немаме тој човечки, морален и интелектуален капацитет да го препознаеме кај нашата комунистичка партија и кај нејзините челници истиот мачен и спор процес низ кој поминал Џорџо Наполитано од приврзаност кон комунистичката догма до напуштање на социјалистичката утопија, во прилог на парламентаризмот, правната држава и личните слободи.

Гроздан Цветковски
Лидерите од македонскиот апашки картел стравуваат да имаат умни луѓе околу себе. Своевиден „Наполеонов комплекс“ со одбранбен став на егото, кој се карактеризира со неподнесување луѓе што штрчат над просекот.

Ристе Љуботенски
Време е криминалот и корупцијата да се стават во правна рамка. Тоа ќе биде најдоброто политичко оправдување што една власт ќе го измисли кога било и каде било.

Ана Пановска
Добар дел од народот веќе почна да се замислува дека е некој фактор во политиката и не сфаќа дека за ВМРО-ДПМНЕ е само обично црвче на јадицата на Мицкоски кој сака да ја улови големата риба, ама притоа да не си ги наводени панталоните.

Линдита Кадриу
Вештерка е, бевме убедени! Никој не ѝ одеше на посета, никој ја немаше видено да излезе на тераса, железните ролетни накај улицата везден беа затворени, ни воздух да влезе, ни зрак светлина.

Фатмир Битиќи
Се создава системска можност за воведување и на заштитни механизми невините да не бидат вовлечени во казнување поради нивно поврзување со припадност на одреден колектив, во ситуација во која тие не се директно вклучени во дадено криминално дејствие.