Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЖЕНИТЕ НЕМААТ ПРАВО НА „ГРЕШКИ“
Убиената жена била подготвена да направи сѐ само Усеин да не ја усрами и да не објави нешто непристојно за неа. Затоа што таа била свесна дека сите гревови и клетви ќе паднеле врз неа.
ПАРТИСКИ ПОКЕР
Што го натера Мицкоски да повлече потег против Груевски? Дали прави терен да го обвини Груевски за предавство ако вмровски пратеници случајно гласаат за уставни промени или пак дознал дека Груевски му спрема напад во дослух со власта, па едноставно решил да го пресретне дека игра двојна игра? Колку време Груевски е на „линија“ со Ахмети? Кој се бил во посета на Будимпешта и кој барал амнестија од Пендаровски?
ПРАВНА УЈДУРМА
Трагајќи по одговорот дали амнестираните функционери ќе добијат и обесштетување за притворот поради застарување на делата, наидовме на правна ујдурма во Врховниот суд. Петмина судии пресудиле контра правно мислење донесено од највисокиот суд. Оштетениот, правдата ќе ја бара во Стразбур!
МЕРИТ-СИСТЕМ ИЛИ БАЛАНСЕР?
Балансерот за правична застапеност при вработувањата во јавната администрација е во тотален хаос. Бројките за застапеноста не кореспондираат со оние од пописот, нешто што го заклучи и Европската комисија. Експертите се согласни дека времето на Балансерот му е одбројано.
ИНТЕРВЈУ – НИКОЛА ЈАНКУЛОВСКИ
Во интервју за „Фокус“, Јанкуловски дава оценка за неговиот мандат како ректор и за работата на УКИМ, а говори и за најголемите предизвици со кои се соочувал.
ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПОДЕЛБИ
Ако во нешто современото ВМРО е најслично со историското ВМРО, тоа е склоноста на големи поделби, кои еве очигледно не прекинуваат цели 130 години подоцна. Буквално и да нема ниту еден историски моќен лидер на ВМРО што не влегол во сериозен судир со своите претходници или наследници.
ПОЛИТИЧАРИ КАВГАЏИИ
Лидери што се кавгаџии, полесно прават реформи од тие што се трудат со секого да останат во добри односи. Секоја реформа значи дека нешто мора да се промени, и тогаш се јавува со негодување оној кадар кому статус квото му одговара.
РЕЦЕПТИТЕ НА ЅВЕЗДИТЕ
Трендот е познат меѓу славните личности, кои многу често сакаат да се појават заедно со некој славен готвач, да ги приготвуваат неговите јадења на екран или, пак, рецептите на своите баби или мајки да ги издадат во книга.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Чекам само некој да каже: Ако толку им требаме, самите нека најдат решение за македонско-бугарската тема. Всушност, мислам дека така и ќе биде на крајот, зашто ние сме непоправливи. Потоа се жалиме дека нивното решение го повредува нашето достоинство, зашто вистина е: прво „на клоци“ во НАТО, сега „на клоци“ во ЕУ.
Ана ПАНОВСКА
Значи, јас „гласам“ за измените во Кривичниот законик. Гласам за оние 200-300 криминалци да излезат од затвор и 200-300 криминалци да не влезат во затвор за да се спасат повеќе од 2 милиони чесни граѓани, кои ни криви ни должни може наскоро да се најдат „в затвор“.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Блажени се оние што ништо не знаат. Вообразуваат дека се сезнајковци, па паламудат во дебатни емисии за разновидни теми и дилеми. Од сексот на село и гачки од естрадата, преку спорт и аграр, па до светски заговори и висока геополитика.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Гледај изненадување! Во целиот тој морален и правно-политички блуд најдоа за целисходно својот глас да го кажат и претседателите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Демек, не биле консултирани за измените на Кривичниот закон и сега за законот на амнестија.
Александар НИКОЛОСКИ
Доста е. Триесет години се прават тајни договори, кои ја уриваат Македонија. Мора да се врати вербата кај народот.
Стефан БОГОЕВ
Зошто младите одат на work and travel во САД, Германија, Италија, а не во Белорусија!? Зошто сакаат да студираат на Оксфорд, Харвард или Сорбона, а не на Универзитетот во Минск!? Кога последен пат сте слушнале некој близок да оди на прошетка во Минск или Краснодар наместо во Барселона, Милано или Виена!?
Линдита КАДРИУ
Надвисната над тој отворен бунар да можам да се нагостам колку ми душа сака, еден ден кога ќе пораснам, кога свои пари ќе имам …тоа ми беше сон.