1459

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

НАВРЕДА ЗА ЗДРАВИОТ РАЗУМ
Партијата која 2 децении е на власт се обидува да се испере на секој можен начин, па крајно лицемерно и дволично бара институциите да ги истражеле сите нејзини функционери. Дали тие се огрешиле пред законот, всушност треба да проверуваат институции каде низ годините се инсталирани нивни луѓе?!

„СКРОМНАТА“ ГРАДОНАЧАЛНИЧКА
Откриваме како 6 катастарски парцели во Гази Баба завршиле кај компанијата „Титан моторс“, чиј сопственик е таткото на скопската градоначалничка Данела Арсовска – Ванчо Јовановски.

ИЗМЕНИ НА КЗ
Сѐ уште се анализира и неизвесно е кога и како ќе застарат случаите на поранешното Специјално јавно обвинителство со новите измени на Кривичниот законик. Покрај политичките математики, се прават и правни математики кој ќе се спаси.

ИНТЕРВЈУ – НИКОЛА ДИМИТРОВ
Со поранешниот амбасадор, министер за надворешни работи и вицепремиер за европски прашања, а сега претседател на невладината организација „Солуција“, Никола Димитров, разговаравме за актуелните случувања на македонската политичка сцена, но и за несогласувањата што ги имаше со владата на СДСМ поради кои не продолжи да министерува со сегашниот премиер Димитар Ковачевски.

ПУТИН И КИМ
Средбата Путин – Ким е директен одговор на сѐ подиректното инволвирање на странското оружје на територијата, не само на Украина, туку и на Русија. Близу сме до историски клучната точка во која Русија, или ќе преземе нешто радикално, или ќе тргне по удолница.

ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ
Тајноста е само уште една алатка во арсеналот на лидерот, па зошто да му се одземе или ограничи таа, кога, ако се има доверба во него, тој таквата алатка секогаш ќе може да ја употреби за доброто на партијата.

ПАРИЗЕРМАНИЈА
Вучиќ и двајцата министри, седнати во кабинетот, поделија по половина векна леб, намачкана со мајонез, ставија по две-три парчиња паризер, а тоа го искомбинираа со јогурт.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Човекот го дефинира светот, не според тоа каков е светот, туку според тоа какви се неговите погледи и очекувања. Нашиот ум врши селекција на тоа што го гледа со помош на своите вредности и верувања.

Ана ПАНОВСКА
Не сме го виделе СДСМ како би се однесувал ако ВМРО-ДПМНЕ во годините кога беше на власт јавно повлечеше непопуларни потези за унапредување и опстанок на државата, како Преспанскиот и Договорот со Бугарија за отворање на евроатлантскиот пат.

Линдита КАДРИУ
Кога запука во 2001 година, едно време остана сама. Сигурна се чувствуваше меѓу своите, денски ја тераше рутината, но навечер, ако беше побучно, ја прибиравме кај нас. Во потскалите во подрумот го чекавме затишјето…

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Шарената демагошка парола „Нема правда, нема мир“ ја трансформираа во „Нема закон-нема криминал“. Арамиите ги ставија надвор од законот, а Бугарите настојуваат да ги вметнат внатре во Уставот!

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Каков „даб“, каков „крали марко“, какво „скопско“! Власта и сѐ е можно! Власта е волшебното стапче со кое можеш за само неколку години да „заработиш“ милиони евра и под закрилата на партијата и „институциите на системот“ да останеш неказнет.

Јулијана ШТРКОВСКА-КОЛАРИЌ
Почнувајќи од 2011 година, регистрирани се 35 финансиски друштва, од кои 33 се друштва со ограничена одговорност, а странскиот капитал сè повеќе навлегува. Со домашен капитал во овој бизнис инволвирани се роднини на политичката елита.

Перо КОСТАДИНОВ
Човекот денес е соочен со предизвикот како да го пронајде балансот меѓу духовноста, мирот и секојдневните материјални потреби со кои се соочуваме, и како да проживее во свет на непредвидливост, отуѓеност и искушенија.