1458

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЌЕ СИ ЛЕЖИТЕ, АМА НА ФОТЕЛЈИТЕ
Не треба да се заборави ниту последниот играорец, претседателот Пендаровски! Можеше одново да ја запее „Бела чао“, но тој реши да го продолжи ликот и делото на претходникот Иванов. Со две раце ја потпиша амнестијата на функционерите со лепливи раце, правдајќи се дека во законот немало збор амнестија.

НОВИ СОЗНАНИЈА ЗА ОНКОЛОГИЈА
Косовски пациенти преку врски плаќале на приватно, а биле заведени на фиктивни истории на веќе починати пациенти. И во овој број ги објавуваме потресните сведоштва на пациенти и нивните семејства, „наградени“ лекари и одделенски сестри, манипулации со терапии…

ИНТЕРВЈУ – ОЛИВЕР СПАСОВСКИ
Нема да има пардон за никој вмешан во случајот со Онкологија, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во интервју за „Фокус“. Измените на Кривичниот законик што се донесоа експресно ги гледа како можност, а не како проблем. Разговараме и за борбата на МВР со криминалните групи, а воедно одговара дали има амбиции да стане претседател на државата или лидер на СДСМ.

ЗАТКУЛИСНИ ИГРИ
Експресните измени на Кривичниот законик, со кои се ублажуваат казните за злоупотреба на службена положба и злосторничко здружување, постигнуваат неколку цели. Меѓу другото, се врши делумна амнестија на експремиерот Груевски, кому ќе му застарат повеќе дела, додека за останатите се споменуваат други модалитети и начини.

ПОДЕМОТ НА ИНДИЈА
Њу Делхи влегува во серија потези, кои навестуваат радикално несогласување со позициите и интересите на колективниот Запад. Но, како што многупати се потврдило со Индија досега, тоа не значи дека ваквата нивна политика ќе трае многу долго. Тоа е веројатно последната држава, која вистински има моќ и капацитет да биде „неврзана“.

НЕИДЕАЛНИ УСЛОВИ
Наместо граѓаните да станат мрзливи и апатични оти веруваат дека судовите ќе ги казнат корумпираните функционери, од сега гласачите ќе мора да бидат будни и на штрек оти казнувањето на корупцијата ќе биде само во нивните раце.

РЕПОРТАЖА ОД ТИРАНА
Во местото познато како Блоку, меѓу сите тие екстравагантни бутици, спроти новоотворениот ресторан на КФЦ, се наоѓа поранешната резиденција на Енвер Хоџа, која денес е затворена, не може да се посети и не е означена со ништо.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Во воениот хаос на крвавите етнички војни, Македонија ја стекна независноста на маса со поддршка на Америка и на ЕУ и без испукан куршум.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Продуцираа студиски случај за „македонскиот Аушвиц“, со паралелен увоз на лекови произведени по ИСИЛ рецепт во Сирија и монструозна крим-шема со контрабанда на цитостатици во Клиниката за онкологија. Менгеле би им завидел.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Каков избор имаат граѓаните во „оваа држава“? Да се иселат, да умрат или да почнат да се борат. Навреме треба психолошки да се подготват дека и по смената на актуелната власт, речиси ништо значајно нема да се промени.

Ана ПАНОВСКА
На потег сега е Мицкоски, кое чедо мајка да прежали. Дали да прежали дел од неговите пратеници што нотарски му се заколнаа на верност, дури и на спремност доколку тој им намигне да гласаат за уставните измени, или да чека уште цела година до редовните избори и да ја врти онаа здодевна расипана плоча: „Не, под бугарски диктат“.

Јанаки МИТРОВСКИ
Претседателот на државата, Стево Пендаровски, наместо да биде на ниво на задачата и да одбие да се потпише, понизен и подлизурко каков што е, се потпиша експресно, бидејќи никаде во законот немало амнестија. Нормално, врат и шија не е исто. Ако Хорхе беше „фикус“, Стево со оваа понизност си го заслужи прекарот „врба“.

Сања ЛУКАРЕВСКА
За „борбата“ со лебарките постојат записи дури и од древниот Египет. Сегашноста е потврда дека таа борба, не само што не успеала, туку како и човекот да се адаптирал на нивното присуство. Дури, според едно истражување, новите генерации-лебарки се со подобро здравје од своите родители.

Александар НИКОЛОСКИ
Знае власта на СДСМ и ДУИ дека ги пакува куферите и се обидуваат да си изгласаат амнестија за себе, но да им кажам, правдата ќе ги стигне сите! Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ апсолутно ќе ги гони, ќе се најде правен начин.

Александар СИМОНОВ
Додека политиката ни е сведена на дневнополитички будалаштини за ситни поени, Македонците не си отидоа, туку се избркани – и тоа не од зли соседи, ниту од „црни врани“, туку од чорбаџиите – што домашни, што странски, претставени како месијантски филантропи што нѐ спасуваат од бездната која сами сме си ја направиле.