1457

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

НЕЛУЃЕ!
По објавување на скандалот во ,,Фокус”, дека наместо кај болните од рак, дел од скапите лекови завршувале на црниот пазар, и им ги полнеле џебовите на вработени на Онкологија, народот се разбуди и гласно извика. Не останаа неми, како многупати досега, на сознанието дека на некои пациенти, нечии мајки, татковци, браќа и сестри, како последна надеж, како сламка за спас, наместо лек им давале вода!

КРИМИНАЛЕН ОКТОПОД
Предистражната постапка во обвинителството, во чии рамки полицијата изврши пресрет на „Онкологија“, е отворена по написите во неделникот „Фокус“, кој ја третира оваа тема. Обезбедивме и обелоденивме многу информации во врска со третманот на тешко болните од рак, при што најтрагични се сознанијата дека вработени на „Онкологија“ краделе биолошка терапија за да профитираат.

УСТАВНИ ИЗМЕНИ
Процесот за уставните измени засега останува заглавен, но политичките актери во меѓувреме не мируваат. Ахмети ги активира старите пријателства со некогашните коалициони партнери ВМРО-ДПМНЕ, а во игра се неколку опции како би се развивал процесот понатаму. На мапата на можности повторно се појавува и Груевски.

СТАРИ ДОЛГОВИ ИЛИ НОВИ ПОРАКИ?
Раде Трајковски – Штекли остана неповреден во нападот што се случи во „Ист гејт“, делумно и поради тоа што се водел во блиндирано возило. Сепак, пукањето од страна на засега непознати лица, чие возило потоа е најдено запалено кај езерото Треска, се толкува како порака која одредена криминална група сака да ја испрати.

„ЕУ ВО БРЗИНИ “?
Политички обединета Европа е одамна пропаднат проект кој вештачки се држи во живот за интересите и амбициите на САД. Сепак, економски гледано, заедницата помеѓу моќните економии на стариот континент е добра и исплатлива идеја од која особено може да профитираат помалку развиените економии како нашата.

ДОБРАТА СТРАНА НА ХАОСОТ
Луѓето кои поради лошата економска состојба се иселиле во Европа, за таму децата да ги изложат на послаб образовен систем од нашиот кој нели во наведената имагинарна ситуација ќе беше фантастичен, ќе тагуваа што им го ускратиле квалитетното образование на своите деца. А вака, ем за никаде е економијата, ем за никаде образованието, па ич уво не ги боли нашите иселеници што си заминале сосе фамилиите.

„СЕПТЕМВРИСКИОТ БРОЈ“ НА „ВОГ“
Тоа е најобемното издание во годината, моден каталог распослан на рекорден број страници, кој е само најава за она што ќе се случува на модната писта во Њујорк, во истиот месец.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Ние, под надворешен притисок, се прилагодивме кон светскиот историски наратив дека античките Македонци биле дел, макар и во поширока смисла, од хеленскиот свет, а дека ние, денешните Македонци, сме модерна словенска нација. Оттаму и промените во учебниците по историја, а не затоа што владата е  „предавничка“.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Чија (а не само на вработените) е одговорноста што на Онкологија краделе лекови и ги продавале на црно? Чија е одговорноста за тоа што школската година ќе започне без учебници? Чија е одговорноста што минималната плата не обезбедува основа егзистенција на вработените? Чија е одговорноста затоа што наместо владеење на правото и правната држава царуваат криминалот и корупцијата!?

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Во нашава Недојдија туѓиот успех не се простува. Апсолвирано е дека една од најбитните карактерни особини кај Македонецот е отсуството на чувство за државност и национално единство.

Ана ПАНОВСКА
Oткако не успеа да најде ниеден сојузник од земјите на ЕУ, на кои им вети дека, ако ги внесеме Бугарите во Уставот, од нивна страна нема да има вето, Бугарија си го најде традиционалниот сојузник кој и во минатото ѝ се наоѓал да ги одработи нејзините валкани работи. Овој пат ветото ѝ го одработува внатре, во нашава држава, Внатрешната револуционерна организација – ДПМНЕ.

Линдита КАДРИУ
Во моето детство дури и домашниот телефон беше реткост. Да видевме тогаш како некој збори, на прв поглед, со самиот себе одејќи по улица, или луѓе седнати на маса, а секој загледан во нешто на кое чкраба со прстите, ќе го сметавме за налудничав.

Бисера КОСТАДИНОВСКА-СТОЈЧЕВСКА
Сакам да верувам дека најмладите генерации, кои сега растат во еден поинаков свет, „читањето“ на геномот ќе го користат само како придобивка за нивното здравје, за долг живот. Живот без предрасуди, без расизам, без дискриминација.