1448

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

„ГРОБАРИ“ НА ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО
Со години градат милионски империи, а многу често го заобиколуваат Законот. На секој од нив државата им помогна, само во зависност од тоа кој беше на власт.

ИНТЕРВЈУ – ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ
Првиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и премиер од 1998 до 2002 година во мега-интервју за „Фокус“ говори за правосудството, евроинтеграцискиот процес, бугарско-македонските односи, како и за идејата за трампа на територии и население, откривајќи детали кој се бил вклучен во процесот пред две децении.

КОВИД-ВАКЦИНИ
Според податоците што ги обезбеди „Фокус“, во МАЛМЕД досега пристигнале вкупно 310 пријави за негативни последици предизвикани од ковид-вакцините. Од нив, 10 се за сериозни здравствени последици, од кои три се за смртен исход.

ХАОСОТ НА ЛОГА
Измената на Упаството за водење на матичните книги, предизвика хаос, кој сега треба да го решава Уставниот суд. Националноста во изводите е сензитивен личен податок, кој не би требало да се споделува јавно.

ЗАД ПОРТИТЕ НА МПЦ
МПЦ-ОА ја доби својата прва политичка битка и успеа да го издигне на ниво на сенароден проблем, она што власта под диктат на ЕУ сакаше да го протурка на мала врата.

ИНТЕРВЈУ – БРАНКО АЗЕСКИ
Годинава се одбележуваат точно 50 години од издавањето на првиот бар код. По тој повод, разговараме со извршниот директор Азески, кој вели дека бар кодот е една од клучните алатки без кои не може да постои каков било бизнис-процес.

НАШЕ, А СВЕТСКО
Е, добро де сега, некој сигурно ќе рече, па нели амбасадорите и треба да се однесуваат баш така оти токму тоа се. Странци, дојденци, гости во нечија држава, која не е нивна. А не како газди во своја колонија!

 

Колумнисти: 

Денко МАЛЕСКИ
Сакам Република Македонија да биде нашиот Израел… да биде обединувач во рамките на Републиката и ширум светот, република со која ќе се гордеат сите Македонци, независно од нивните политички и етнички предиспозиции…

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Обидите за замена на биолошкиот пол со социјална улога е дел од вештачки создадениот неолиберален инженеринг за контрола врз луѓето.

Стефан БОГОЕВ
Политичките пиромани од ДПМНЕ и од Левица треба да знаат дека не можат толку да палат колку што ние имаме вода за гаснење. Но, треба и да внимаваат, од многу вода може и политички да се удават.

Александар НИКОЛОСКИ
Не треба да трошиме време ниту на менување на закони, ниту на формирање на институции туку само тие да се стават во погон и да им се даде слобода да работат.