1446

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

НИ СРАМ, НИ ПЕРДЕ!
На премиерот очигледно му брцна во очи барањето за покачување на платите на вработените во УЈП и Царина, па им се закани со проверка на имотот. Да се види што сработиле и заработиле. И сѐ е тоа легитимно, но кога ваков отчет ќе дадат функционерите, кои сред криза добија безобразно покачување на платите?

ХОТЕЛ НА ПЛОШТАДOT
Непосредно пред да падне во стечај, „СИС Инвест Груп“ на Сергеј Самсоненко премина во доминантна сопственост на „Камил“, компанија со седиште во Бугарија во сопственост на друштво од швајцарски Лугано, чиј краен сопственик е Орце Камчев

ХИПЕРПРОДУКЦИЈА НА ЛЕКАРИ
Штип и Тетово се два града со вкупно стотина илјади жители, а на тамошните медицински факултети, за само една година, дипломирале безмалку 600 студенти. Ако се направи споредба, во Америка дипломираат 8, а во Германија 12 лекари на 100.000 жители годишно.

СУДСКИ СОВЕТ
„Фокус“ прави анализа на анкетните листови на членовите на сегашниот состав на Судскиот совет. Меѓу нив има и членови со скромен имот, а најдолги имотни досиеја имаат сопругите на бизнисмени. Може да се сретнат и љубители на накит, слики, оружје…

КОСОВСКА КРИЗA
Ако се докаже дека навистина српските специјални единици влегле на косовска територија и извршиле киднапирање на тројца Косовци, тоа лесно може да се смета за прв воен чин од 1999 година наваму.

ДУЕЛИ
Колку пати му се има случено на секој од нас, во некоја дебата да чуе некои аргументи на кои ќе даде брз, ама слаб одговор, за дури потоа да му текне што можел да каже и да победи во дебатата, ама ете доцна е за тоа зашто дебатата поминала?

ЉУБЕЗЕН
Чарли вели дека книгата е наменета за сите, може да ја читаат луѓе од 8 до 80 години. Луѓето обично купуваат повеќе примероци од книгата за да ја подарат на драги луѓе, а цитатите од книгата може да се најдат на ѕидовите на многу болници, училишта…

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Со заедничка негрижа, не го апсолвиравме нашето комунистичко минато согласно вистината, која налага некаде и ние да бараме прошка. Следеше вандализирање на спомениците на партизанската генерација, чии животи беа цената на нашата слобода.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
По атентатот врз првиот претседател на независната држава, Македонија се трансформира во премиерска република. Собранието нема никаква реална функција, туку улога на „гумен печат“.

Ана ПАНОВСКА
Од една страна, незаинтересираност за ситните нешта што нѐ опкружуваат и бараат наш ангажман. Од друга страна, жива страст и „аналитичност“ за големите теми од светски калибар.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Со овие судии и обвинители, правна држава не бидува. Станува збор за професионални институционални криминалци, чие останување на функција ќе ја одвлечка државата во пропаст.

Александар НИКОЛОСКИ
Сѐ додека Македонија не воспостави функционален систем на владеење на правото, 5-6 поголеми земји на ЕУ нема да дозволат Македонија да оди напред, затоа што нема политичар во Европа што сака од другата страна да седи со корумпиран политичар.

Перо КОСТАДИНОВ
Најлесно е да го користиме историскиот наратив, да го преиспитуваме патриотизмот на другиот и да го делиме општеството, за политички поени. Но, тоа не е решение. Тоа е замката на неуспехот.

Реџеп ИСМАИЛ-ХАКТАН
Со уставните измени, Република Македонија би се обврзала да презема државни мерки за остварување, унапредување и заштита на еден куп вакви права на „македонските Бугари“.