Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ПОВИСОКА ЦЕЛ
Очигледно, само преку балкански методи може да оствариме европски цели. Гледаме дека балкански фори се користат во проектот за изградба на двата патни коридори вредни над милијарда евра. Дали треба да се поништи државата преку бајпасирање на десетици закони за да се овозможи експресна градба на трасите?
ЕКСТРАДИЦИЈА
Се подготвува теренот за екстрадиција на десетина осудени за ,,Диво Насеље” во Косово. Во меѓувреме, македонските власти ги заборавија бегалците од ,,Монструм”. Во изминатата деценија, државата ги побарала само два пати, во 2013 и 2018 година.
РАСПАД-СИСТЕМ
На вратата на градоначалничката Арсовска тропаат извршители и има предупредувања дека Градот може да банкротира, со што се заканува да остане без автобуски превоз, чистење и одржување на улиците, додека за проекти нема да стане ниту збор.
ПАРТИЗАЦИЈА
Државните институции остануваат ветени дестинации на заслужните партиски кадри и на блиски роднини на функционери. Антикорупционерите констатирале дека тие се вработуваат без јавен оглас и дека има сомнежи за партиско влијание, но нема одговорност.
УСТАВНИ ПРОМЕНИ
Започна процесот за уставни измени со работната група формирана под капата на Министерството за правда. Но, наместо да расте поддршката за измените, таа се намалува. Бројката од 80 гласови изгледа уште понедостижна.
СКОПЈЕ-СОФИЈА
Последните случувања на релација Македонија – Бугарија се најава на уште еден од серијата чекори на влошување на состојбите во врска со нашето пристапување кон ЕУ или попрецизно кажано – зголемување на цената што треба да ја платиме.
ЛЕПЛИВИ ПРСТИ
Кога гледаш дека некој без срам и перде, без страв и резервираност нуди брда и долини, радикални реформи и експресни решенија за крајно комплексни проблеми, многу лесно препознаваш дека тука станува збор за фантазирање без реална подлога.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Мислам дека руската агресија врз Украина, која предизвика досега невидена воена и економска солидарност меѓу европските држави, може да се пресликува и во процесот на пристапување кон ЕУ.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Најголемиот дел од народот го занемарува фактот дека првобитното име на изворната мафија било Систем поради строгите принципи за заштита на механизмите на функционирање. Владејачките партии дејствуваат според тој принцип.
Ана ПАНОВСКА
Не знам за која сламка ќе се фати ВМРО-ДПМНЕ ако пропаднат преговорите со Европската Унија, баш поради нивната задртост и кочење на сите процеси што Македонија мора да ги истера ако сака да види некаков напредок.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Сакале Бугарите да признаат или не, македонскиот идентитет и Македонија идентитетски, културолошки и историски ја определуваат физиономијата на бугарското општество.
Фатмир БИТИЌИ
Во нашата социјалдемократска агенда, успеавме инклузивноста системски да ја поставиме и во реализацијата на заложбите за заштита и унапредување на работничките права, обезбедувањето правични плати и безбедните работни услови.
Гордана ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА
Поскапувањето на каматата на депозитите ќе ги поскапи каматите на кредитите зашто каматата на кредитите е заработката на банката, а онаа на депозитите е трошок.