1441

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ВОЗИ МИШКО!
Покрај отсуството на основниот проект за трасата, сепак беше удрен камен -темелникот на Коридорот 10. Камионите и багерите тргнаа, но во круг, бидејќи, нели, и така сме биле кружен тек на Балканот.

ЖЕЛБА ИЛИ РЕАЛНОСТ
Додека СДСМ и ДУИ се залагаат прво да има претседателски, па парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ преку „помалите“ партнери во власта се обидува да предизвика предвремени парламентарни избори уште годинава.

ХАОС НА ОНКОЛОГИЈА
Скопската клиника каде завршуваат најтешко болните пациенти се наоѓа во тотален хаос. Во меѓувреме, долговите во последните 3 години достигнаа и до 20 милиони евра…

ТЕНДЕР ЗА ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА
МВР ја избра фирмата на донатор на ДУИ да го гради новиот објект на полициската станица во Аеродром. Оваа тендерска постапка неколкупати била поништувана, се сменил и предметот на набавката, а неколку фирми биле елиминирани.

„КАМЕРИ“ НАМЕСТО „СЕНЗОРИ“
Со европски пари од речиси милион евра, систем за детекција на шумски пожари набавила Дирекцијата за заштита и спасување. Избраниот конзорциум гравитирал околу фирма формирана 5 дена по објавувањето на тендерот.

ИЗБОРИ ВО ТУРЦИЈА
За Киличдароглу да победи во вториот круг, би требало да ги задржи сите свои гласови, плус до последен да ги трансферира оние избирачи што гласаа за третиот кандидат Оган.

НАВРЕДА И КОМПЛИМЕНТ
Кај нас, партијата Левица ја критикуваат дека е антизападна, без да се сетат критичарите дека токму таа критика е комплимент за Левица, која цели токму врз она гласачко тело што има проруски симпатии.

 

Колумнисти

Денко МАЛЕСКИ
Мисијата УНПРЕДЕП беше првата мисија од таков карактер на светската организација и, засега, единствена. Мисија која ѝ „купи“ време на младата македонска држава да го отпочне процесот на создавање своја војска.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Акционерите од партиските трговски друштва СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, со константата ДУИ, продолжуваат да  владеат со манипулации и арамилак, а во одредени случаи и со психопатија.

Ана ПАНОВСКА
Сѐ додека во нашите тендери, како прв критериум според кој се одлучува при изборот на понудите е најниската цена, во Македонија и натаму ќе вирее нискиот квалитет, незнаењето, неефикасноста

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
„Институциите на системот“ се користат како инструменти за институционален грабеж и политички терор. За сѐ да биде според закон, доволно е да го смениш „законот“!

Ристо НИКОВСКИ
Македонија никогаш не беше под некаков американски безбедносен чадор! Напротив, цели 30 години, САД некритички ја поддржуваа Грција. Нас нѐ прекрстија САД, а не Грција.

Јанаки МИТРОВСКИ
Бедна е онаа држава во која СЛОБОДАТА на еден човек зависи од грижата на судот за буџетот, кој патем е направен решето од дрпање од страна на политичари.

Реџеп ИСМАИЛ-ХАКТАН
Македонија стана најголемиот промотор на русофобијата, па дури и финансиски поддржувач на украинската држава во војна.

Васко КИЧЕВСКИ
Многу веројатно ќе следува оставка од градоначалничката, која нема да знае како да се справи со ситуацијата. Друг излез ќе нема…

Александар НИКОЛОСКИ
Работи ли нешто „Македонија пат“ и толку ли е неспособна да ги исчисти сите два автопатишта што оваа држава ги има?