Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
СИСТЕМОТ ГИ „УБИВА“ ДЕЦАТА
Ненадејниот крвав пир, кој ги потресе, а истовремено ги разбуди сите, го отвори прашањето – во какво општество живееме? Општество на изместени вредности, во еден гаден и мрачен систем, кој повеќе ги „убива“ децата, отколку што ги спасува.
КОНФИСКУВАНИОТ ИМОТ НА БРАТУЧЕДИТЕ
Државата во свои раце го презеде имотот на Груевски, а од јануари се чека да се направи проценка на неговата вредност. Потоа ќе следува јавна продажба по што ќе се знае кој ќе стане нов газда на луксузните плацови и станови на Водно. Истото треба да се случи и со имотот на Мијалков…
БИЗНИС-СПОЈКА НА „КОМИТИТЕ“ И „УЧК“
Компанијата „ССИ Инвестмент“, чиј недвижен имот беше запленет откако се утврди дека негови скриени сопственици биле Груевски и Мијалков, премина во рацете на син на албански бизнисмен, поранешен кандидат за градоначалник на Сарај и некогашен командант на логистика на 115-та бригада на УЧК.
„АМЕРИКАНСКА ТРАГЕДИЈА“
Српскиот убиец во Србија ги надмина и американските, а нас само нѐ потсети дека не сме многу далеку. Родителите, наставниците, психолозите и психијатрите се кренаа на нозе. Барајќи ги причините за трагедијата, стигнавме до болните училишта и болните домови.
КРИПТО ДЕНАР
Подемот на криптовалутите ги натера креаторите на монетарните политики да почнат да размислуваат да се качат на возот на дигитализацијата и во финансискиот сектор.
МОСКВА-ВАШИНГТОН
Рано е да се зборува за исходот од претстојниот клучен месец за украинскиот конфликт, но со сигурност може да се тврди дека кризата нема да остане ограничена на Украина.
ИНТЕРЕСОТ ЗА СЛАВНИ ФАЦИ
Биди среќен што живееш во земја каде што згодите и незгодите на пејачките и спортистите се главна тема, а не се тема битките со жртви и разурнувања.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Носена од огромниот бран на демократизација од почетокот на 1990-тите, една од најмалите држави и нации во Европа ја оствари својата независност на мирен начин и ги реши своите домашни и меѓународни спорови со компромиси.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Тридецениското девастирање оневозможува да се создаде здраво ткиво во длабоко метастазираното општество, во кое џганот има битна и одлучувачка улога во креирањето на системот и вредносните критериуми.
Ана ПАНОВСКА
Скината е вертикалата родител – дете, природната релација преку која децата до неодамна се ориентираа. Едноставно, родителите веќе не се идеал, пример за углед на своите деца.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Злото, ниту само доаѓа, ниту само ќе си оди. Лекот се знае! Прашање е само ќе остане ли некој во државава што ќе има интерес да живее во неа за да го употреби!?
Перо КОСТАДИНОВ
Богатство на македонското општество, кое може да биде модел за другите општества, го сочинува мозаикот на етникуми.
Гордана ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА
Детето станува разочарано, се повлекува во себе со својата болка и почнува да сонува за живот кој што не е нормален во развиените земји, ама е нормален во Македонија.