1438

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ИСТИ ИЛИ СЕПАК РАЗЛИЧНИ
И Ковачевски јавно прозва медиуми, одби дуел со Мицкоски и влезе во ПР-филм како Груевски, но, за разлика од порано, сега земјава е далеку од статусот на „заробена држава“…

ЕГЗОДУС НА ,,БЕЛИТЕ МАНТИЛИ”
Податоците до кои дојде „Фокус“ покажуваат дека само во последните 5 години од 2018 година досега, потврда за преселба во странство побарале вкупно 932 лекари.

СЛУЧАЈ МИЛЕ МИЛЕНКОВСКИ
Дипломатот кој е осомничен дека учествувал во извлекувањето на бизнисменот Бранислав Димитријевиќ од Ерменија издејствува повлекување на потерницата од Интерпол, а, според наши информации, почнал и неколку постапки пред македонските судови за отказот од МНР и за одземениот безбедносен сертификат.

ИМОТ НА СУДИИ
Неколкупати се најавуваше „тресење од гаќи“ на судиите, односно проверка на потеклото на нивниот имот, но досега нема резултати за пофалба. Повеќе од три години се „истражуваше“ имотот на петмина судии, но сите излегоа чисти како солза.

CHATGPT – НОВА ЕРА НА ТЕХНОЛОГИЈАТА
Вештачката интелигенција нема целосно да го замени човекот, не се знае до каде ќе се развива, но едно е сигурно, ќе предизвика длабинска и тектонска трансформација на нашите општества.

ГОСПОДАРИ И ВАЗАЛИ
Изјавата на Макрон дека Европа треба да биде трета сила во светскиот поредок, покрај САД и Кина, предизвика бурни реакции. Сите што ја разбираат геополитиката, знаат дека таа лесно може да пламне и низ остатокот од Стариот континент.

НЕПРИЈАТЕЛСКИ СОВЕТНИЦИ
Ако фаворитизмот е најголемиот проблем при кадровската политика, што е решението за тоа? Можеби техника што би се викала антифаворитизам. Значи, луѓе кои ем ништо не ти должат, ем ти ним ништо не им должиш.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Што се случи кога една огорчена и незадоволна нуклеарна сила, како Русија, одлучи да ја прекрши повелбата на ОН и да тргне во распарчување на една суверена земја? Се распадна системот на колективна безбедност.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Во моментов, на европскиот континент, само две држави се нефункционални. Украина поради војната, а Македонија поради фактичката разнебитеност и дуизираност.

Ана ПАНОВСКА
Мене просто ме фаќа ужас од безочното лицемерие на опозицијата, особено кога сакаат нивната блокада на законите во Собранието да ја прикажат како уставобранителство, и тоа преку грбот на работникот.

Јован КРАЈЕВСКИ
Прогресивниот данок вели: бидејќи работникот не добива онолку колку што сработил, бидејќи газдата присвојува дел од вредноста, јас ќе земам од богатството на капиталистите и со нив ќе се потрудам да изградам болници, училишта…

Сања ЛУКАРЕВСКА
И додека „Династија“ ги „празнела улиците“, поранешниот холивудски актер ја скротил инфлацијата дома, ѝ ставил крај на Студената војна, потпишувајќи договор за намалување на нуклеарното оружје со советскиот лидер Горбачов и почнал да го „турка“ Берлинскиот ѕид.

Гордана ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА
Владата треба да биде на располагање на своите граѓани, ако едни злоупотребуваат – да бидат казнети, ама на другите да им помогнат и да ги поддржат. Тука, сите страдаат. Затоа не ве бива и економијата тоне. Затоа што дојдовте со шарените, со протести без никаква програма