1436

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ХИПОКРИТ НАМЕСТО ХИПОКРАТ
На ѕидот на срамот слободно можеме да ги „обесиме“ имињата на Бујар Османи, Никола Тодоров, Венко Филипче, месиите кои со години седеа на министерските фотелји и ветуваа оаза во здравствениот систем, а по нив потоп.

ПО „СВ-ИНВЕСТ“, ДОЈДЕ „НОВОМАТРИКС“
Откако доби тендери од ЕСМ вредни 6 милиони евра, „СВ-Инвест“ на Чифлигароски, деклариран пријател на Заеви, падна во стечај. Сепак, управителот на „СВ-Инвест“ ја воскресна „Новоматрикс“, која порано била во сопственост на друштво, чиј газда денес е „Орка“ на Камчеви. Оваа компанија склучи два договори за технолошко чистење во РЕК Битола вредни над 3 милиони евра.

ИНТЕРВЈУ – СТЕФАН БОГОЕВ
Потпретседателот на СДСМ во интервју за „Фокус“ зборува за актуелните случувања поврзани со уставните измени, за вмешаност на близок човек на Мицкоски во бизнисот со марихуана, а дава оценка и за Апасиев, споредувајќи ја Левица со Златна зора.

БОНБОНАБИЗНИС СО ВЕШТАЧЕЊА
Во сферата на судските вештачења, со години, владее безредие, а законските измени конечно требаше да воведат ред. Но, има сомнежи дека измените нема да ги ослободат, туку дополнително ќе ги политизираат вештачењата и проценките.

СУДЕЊЕ НА ТРАМП
Влогот за губење или добивање на изборите во САД стана толку голем, што од него зависи целата иднина или барем насоката на светот. Па, нема да биде чудно ако во следниот период видиме и пострашни работи од аферите на Трамп.

СПОРНИ СПОМЕНИЦИ
Најдобриот начин нешто негативно од минатото да се задржи е да се третира исто како што воените ветерани гледаат на лузните добиени во борбите, во споредба со медалите. Медалот можеш да го изгубиш, но лузните остануваат засекогаш.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Македонското единство е плурално и може да биде сочувано само како перманентен еквилибриум меѓу етничките групи, религиите, интересите, регионите.

Васко КИЧЕВСКИ
Актуелната градска власт еве веќе година и пол не се ни обидува да изнајде решение за скопскиот Луна-парк, кој патем речено е дел од Градскиот парк.

Александар НИКОЛОСКИ
Таква е владата на СДСМ и ДУИ, неспособна и криминална. Македонија тоне, економијата се распаѓа, а корупцијата цвета. Затоа, секој што може да замине – заминува.

Ана ПАНОВСКА
За Бугарите отсекогаш сме биле Запад. Сме се чувствувале супериорно, не толку во поглед на нивната жална сиромаштија, туку во поглед на нивната извитоперена, недефинирана, кукавичина, национална мисла.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Башибозук-демократијата и наследеното едноумие се плод и рецидив од слојот на привилегиранaта „црвена буржоазија“. Децата на комунизмот се матрјошки, истоветни кукли вгнездени една во друга.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Социјалната напрегнатост се доближува до својата точка на вриење и експлозија. Причини за граѓански бунт има многу, останува само да се види кој ќе биде конкретниот непосреден повод.