1435

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

МАКЕДОНСКИ ФИЛМ
Филмски пекол, каде што човечкиот живот нема никаква вредност во борбата со непријателот, кој е многу помоќен и патолошки болен. Тоа беше една од пораките на контроверзниот „Српски филм“, кој веќе станува реалност.

СТАРИ РАНИ
„Фокус“ го обезбеди целосното психијатриско вештачење на министерката за одбрана Петровска, изготвено за судската постапка против Ковачки, поради обвинувањата дека поседува лукзусна хациенда во Радишани. Тоа предизвикало душевна болка врз неа и психички стрес врз нејзиниот татко, стои во извештајот, кој открива и голема семејна трагедија.

ИНТЕРВЈУ – ИЗЕТ МЕЏИТИ
Со еден од предводниците на „Огнената група“ разговараме кои ќе бидат нивните следни чекори, дали можеби ќе формираат нова партија, дали очекуваат отворање судски предмети против нив како можна политичка одмазда…

ТЕНДЕРСКА ВЛАСТ
Во недостиг на учебници, цело прво полугодие учениците учеа од наставни материјали, кои содржеа четири предмети – македонски јазик, математика, општество и природни науки, за кои беа потрошени плус 500 илјади евра од Светска банка.

УВОЗ НА РАБОТНИЦИ
Никому не му е јасно како преку ноќ од најневработена земја во Европа, станавме потенцијален увозник на работна сила. Тврдоглавоста ќе нѐ доведе во состојба Азијати и Африканци да ни ја уриваат цената на трудот.

ФУНКЦИОНЕРСКИ ПЛАТИ
Пред да им дадеме на кадрите некоја повисока позиција, ајде да им дадеме некоја функција каде што нема да можат да направат многу штета, ама притоа да им дадеме огромна плата, чисто за да видиме што луѓе се.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Да бидеме внимателни ако, по совет на еврокомесарот, од „факултетите“ побараме поддршка за демократските промени. Таму е сѐ измешано – и доброто и лошото, и демократското и недемократското.

Ана ПАНОВСКА
Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени нѐ враќа децении наназад. Опасна идеја, од која сакаат само краткорочно да профитираат до изборите.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Лажните величини, во улога на „внатрешни администратори“, имаат одврзани раце да прават буквално сѐ на „патот без алтернатива“.  Креираат автоимиџ на алфа мажјаци со проевропско педигре.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
За својата отуѓеност од граѓаните и општеството, која се стреми да го достигне својот максимум на забеганост, државните властодршци, судии и обвинители, всушност, бараат многу од граѓаните! Бараат да бидат „овци“ за молзење.

Јанаки МИТРОВСКИ
Единствената разлика меѓу Ковачевски и Груевски, барем по розевата пропаганда, а богами и по многу други, е тоа што едниот се вика Никола, а другиот се вика Димитар.

Стефан БОГОЕВ
Ерата на социјалните мрежи со себе носи и можности, и опасности. Расипаните политички умови направија фузија на социјалните мрежи со лажните вести.

Гордана ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА
Планирај едно – троши на друго. Проекти почнати, договори за кредити потпишани, средствата неповлечени зашто не се гради, ама затоа камати ќе плаќаме!