1434

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЛАЖНИ ВЕЛИЧИНИ
На секој чекор, продаваат лекции за работна етика и професионални стандарди, без да погледнат во својот двор, каде се обидуваат да го протуркааат сопственото ѓубре под тепих. Иако, од него се создадало цела депонија.

ПОТОНАТО ОБРАЗОВАНИЕ
Во последната деценија, за книги се потрошија 30 милиони евра, а само за оваа учебна година се издвоија безмалку 8 милиони евра од буџетот. Сепак, сѐ уште нема доволно книги за сите ученици.

ПОСЛЕДНИОТ ЧИН ВО ДУИ
Се ближи епилогот од бунтот што „Огнената група“ го крена во ДУИ, чиј последен чин треба да се одигра претстојниот викенд во Мала Речица. Дали Ахмети до крај ќе го поддржува Груби и дали Меџити ќе формира нова партија?

МИЈАЛКОВ ЈА ДОБИВА ВОЈНАТА!
Неказнивост на оние со пари и врски, констатираше „Стејт департментот“ во најновиот извештај за Македонија, каде што се споменува укинувањето на пресудите за Мијалков.

ЕДНА ДЕЦЕНИЈА ОД СМРТТА НА МЛАДЕНОВ
Поминаа 10 години откако ноќта меѓу 26 и 27 март 2013 година, во сообраќајна несреќа на влезот во Скопје, кај населбата Хиподром, трагично заврши животот на основачот на „Фокус“ – Никола Младенов, кој остави длабока трага во македонското новинарство.

НЕМИРИ ВО ФРАНЦИЈА
Францускиот народ реагира на фактот дека континуирано и масовно се увезува ново и младо население од поранешните колонии, а бројката на работоспособни не расте.

ЏЕНТЛМЕНСКИ КРИМИНАЛ
Лукавите политичари не копаат тунел низ кој ќе стигнат до моќта што ја нуди власта и пристапот до буџетот полн со народни пари. Тие прво копаат темели во срцата на гласачите, кои ги (ш)армираат со лаги.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Привилегираната позиција во која се најде Америка како победник во Студената војна против Советскиот Сојуз е оспорена од автократските држави како Русија и Кина и тие се сојузуваат.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Македонија нема потреба од Закон за странски агенти, бидејќи тој се супституира со непишани, но екстремно бескрупулозни и ефикасни политичко-мафијашки „Балкански методи“.

Ана ПАНОВСКА
На која страна од барикадите да се најдеш, ќе наидеш на силна врева, те од едните, те од другите, ќе наидеш на едно општо незадоволство, пцости, воспалена страст, напнати жили, расправии.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Ако се отвори прашањето на одговорност на само еден судија или обвинител, ќе се струполи целата пирамида на уцени, подмитувања и непотизам врз кои почива судскиот и обвинителскиот систем.

Александар НИКОЛОСКИ
Директорот на ЈП Државни патишта од ДУИ склучил договор за тендер со фирма од селото Челопеци од Кичево, фирма за која пошироката јавност првпат слуша и тоа во вредност од над 2,4 милиони евра.

Перо КОСТАДИНОВ
Да ги поддржуваме ранливите групи граѓани, да создаваме свет на силни индивидуи со еднакви права, да подаваме рака на секого кому е потребна и да не оставаме никој по патот што го чекориме.