1433

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

МАШКА БОРБА ЗА ЖЕНСКА СЛОБОДА!
Груевски кукавички побегна, а Јанкулоска, сакал некој да признае или не, машки ја издржува казната, без да ги добие затворските привилегии што им следуваат само на мажите.

ПОЛИТИЧКИ КАМБЕК
Заев ја отфрли можноста да влезе во трка за претседател на државата и со иронија ја прокоментира можноста за враќање на бел коњ на Груевски, кој пак ја подгрева можноста за камбек во државата. Колку е тоа можно и изводливо?

ЕДНА СЛИКА, ИЛЈАДА ЗБОРОВИ
Политичките елити и криминалните групи имаат заеднички интерес. Многумина припадници на криминални групи се овековечени на слики со политичари, што само го засилува сомнежот дека криминалот не може без политиката. Но, и обратно!

ЛАЖНИ ВЕСТИ
Социјалните мрежи вријат од лажни вести, а последна морбидна информација што ја шокираше јавноста беше наводната смрт на девет тинејџери, кои се отруле од дрога што им била ставена во пијалаците.

ИСТЕЧЕ РОКОТ НА УНЕСКО
Во септември ќе се одлучува дали охридскиот регион ќе биде прогласен за светско наследство во опасност. Рокот за спроведување на препораките истече, а во Охрид продолжува бесправната урбанизација.

ДОМИНО-ЕФЕКТ
Кога инфлацијата наеднаш ќе се обидете да ја запрете со вештачко јакнење на курсот на валутите, не може ништо друго да се случи, освен пропаѓање на банките, но и фирмите.

АПАРАТЧИК ИЛИ ШЕРИФ
Апаратчикот е поставен на позицијата од страна на лидерот, токму со намера да биде магнет, громобран, во кој ќе се слева сета негативна енергија, додека лидерот останува чист.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Обидот најбројната етничка група да доминира со сите прашања, со помош на мнозинскиот модел на донесување одлуки е сигурен рецепт за етнички конфликт.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Ужасна (само)илузија е дека Нашата земја ќе биде саглам држава. Самоизмама дека е „папокот на светот“, само поради лицемерното „удирање четки“ од белосветските емисари, кои божем до 2030 година ќе го завереле билетот за евромаскенбалот.

Ана ПАНОВСКА
Куќата сѐ уште стоеше така недоправена со црвената цигла, со напречните греди подзамачкани со бетон и со остатоци од градежен материјал пред влезот. Токму на ова ниво на изграденост се наоѓа и нашата држава…

Фатмир БИТИЌИ
Ако во 2016 година, за минималната потрошувачка кошничка, која изнесуваше 32.254 денари, беа потребни 3,2 минимални плати од 10.080 денари, сега се потребни 2,1  минимални плати од 20.175 денари.

Гордана ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА
Народот во Македонија е несреќен затоа што тој знае дека нема пониски цени на храна, плаќа највисоки сметки за струја, има најмали пензии и плати, а кога треба да оди во болница, нема соодветни лекари.

Јован КРАЈЕВСКИ
Тезата за непостоење алтернатива е длабоко втемелена и во самата ЕУ, но во насока на соработка со државите што колективно се нарекуваат Запад. Токму таквата позиција предизвика граѓаните од ЕУ да бидат најголемите губитници во Руско-украинскиот воен конфликт.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Сите имаат корист од криминалот и корупцијата во државава. Токму затоа нема расправа на таа тема таму каде што треба да има, а тоа е Собранието.