Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗАКАНИТЕ НА ОПОЗИЦИОНЕРОТ
Почна да ми се враќа филмот кога ВМРО-ДПМНЕ беа на власт под раководната палка на Никола Груевски. Тогаш не смееше да се пишува за братучедот Сашо Мијалков, за другарот Орце Камчев, за премиерот, за министрите…
ТЕНДЕРОТ ЗА БЛАЦЕ И ХОТЕЛОТ НА ШАПКА
„Фокус“ открива дека „Гранит“ го продал хотелот на Попова Шапка на фирма за осветлување со еден вработен што работи со загуба, па добил нов милионски тендер вреден над 11 милиони евра за комплетирање на трасата од автопатот кон Блаце во должина од 2 километри.
ПОРТРЕТ – ТАЛАТ ЏАФЕРИ
Првиот спикер-Албанец во независна Македонија најлесно губи контрола кога ќе му ги спомнат децата, односно ќерката вработена во ЕСМ и синот – иден обвинител.
ГАРДЕРОБАТА НА БОКИ 13!
И по четири години од заплената на фамозната брендирана облека на Боки 13 за случајот „Рекет“, сѐ уште не е направена проценка на нејзината вредност, а камоли да биде ставена на продажба.
ИНТЕРВЈУ- ВАСКО КОВАЧЕВСКИ
Ковачевски не одрекува дека во енергетиката е направена непоправлива штета, но вели дека е горд што се вади максимумот од она што е останато. Најавува нови масовни инвестиции.
ПАРАДОКС НА АПАШЛУКОТ
Замисли да дознаеш дека сите политички апаши, сите пари што ги крадат, веднаш ги префрлаат во странство. Што ти кажува тоа? Дека знаат оти наскоро ќе има колапс на целиот систем.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Прокламирана во 1789, со Француската револуција, демократијата во Франција се стабилизира дури по цели 129 години. Македонската демократија е стара само 31 година и нѐ чека долг пат до целта.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Носечката идеја за матриксот се сведува на основано сомневање дека апашите облечени во власт живеат во стварност, која е сосема поинаква од реалната.
Ана ПАНОВСКА
Владата реално се соочува со многу тешки проблеми, обидувајќи се ем да ја пробие европската патека на земјава, ем да се справува со сите заостанати состојби од комодитетот на речиси сите влади претходно.
проф. д-р Димитар АПАСИЕВ
Поразителен е фактот дека речиси секој петти избран кандидат за судија или јавен обвинител, е син, ќерка, внук, братучед, сопруг, сопруга, снаа или зет на актуелни политичари!?
Васко КИЧЕВСКИ
Не знам како градоначалничката на Град Скопје не чувствува срам кога поминува покрај Универзална сала и гледа во каква мизерна состојба е оставена.
Александар НИКОЛОСКИ
Да се размисли, по пример на ЕУ и САД, Тик – ток да се забрани во јавната администрација, особено во безбедносно сензитивните институции.
Јанаки МИТРОВСКИ
Овие политичари што си ги туркаат децата за судии, обвинители или на државна цицка, бидејќи „и нивните деца, нели, смеат да работат“, не им прават услуга затоа што од старт им го подриваат авторитетот.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Има ли останато нешто здраво во оваа држава!? Дојде време кога човек треба да се срами што живее во Република (Северна) Македонија. Затоа е масовното и незапирливо бегство од неа.