1429

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

МОНСТРУОЗНИ ИГРИ СО МРТВИТЕ
Лаксарци беше „чудо за три дена“, исто како што беше неколкуминутното горење на тетовското болница и автобусот на „Беса транс“ во Бугарија.

ПОЛИТИЧКИ АКРОБАЦИИ
Влезот на Алијанса во власта не носи поголемо парламентарно мнозинство, но има политичка логија, бидејќи Ковачевски и Ахмети со Таравари добиваат поголема стабилност и кохезија, го ограничуваат влијанието на „огнените“ во ДУИ, но ја елиминираат и можноста Заев да ја потресе власа.

ПОРТРЕТ- ЈОРДАН КАМЧЕВ
Еден од најбогатите бизнисмени во 1990-тите реши да стане пратеник, но не успеа. Па, затоа крена раце од политиката и почна да ја гради својата бизнис-империја.

ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ СО УКРАИНСКИ НОВИНАР
Украински истражувачки новинар Алексеј Бобровников, во интервју за „Фокус“, зборува за сивата зона и за соработката на украинските власти со Русите за шверц на дрога во окупираните територии.

СТРАЗБУР
Владата прогласи победа по одлуката на Судот во Стразбур, а за „Фокус“ открива дека тоа државата ја чинело нешто над 140.000 евра. Откриваме кои се адвокатите, кои имаат импресивни биографии и искуство.

ИНТЕРВЈУ – ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ
По повеќе од 25 години, Деспотовски конечно најави и прва голема домашна инвестиција во рамки на ТИРЗ, која ќе почне да се реализира во следните неколку месеци.

7 ДЕНА
Ние, името на државата го сменивме, Уставот го менуваме кој и да ни побара, овие, бре, име на културен клуб нејќат! И после Бугарите ќе тврдат дека сме исти народ!

ЃОН ОБРАЗ
Политичарот што има имиџ дека е „прљав играч“ и дека знае да „мава ниски удари“ е секогаш поценет од тој што има имиџ дека е човек со интегритет, пристоен и нормален.

 

Колумнисти:

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Македонското општество, повеќе од три децении е мафијашки амбиент, во кој нема јасна граница меѓу политиката, бизнисот и подземјето. Највисок академски степен за алчноста без усул стана титулата „Снаодлив човек“!

Александар НИКОЛОСКИ
Потребно е да добиеме над 61 пратеник за да не бидеме уценувани од никого, од никакви Арбен Таравари, Али Ахмети, Артан Грби и слични белосветски измамници.

Стефан БОГОЕВ
За среќа, „Тефтерчето на Гоца“ има само локален дострел. Стразбур е предалеку за долгата рака на ВМРО.

Јован КРАЈЕВСКИ
Справувањето со енергетската криза, својата неуспешност ја должи и на фактот дека една држава, која со децении е потчинета на Европа, не може во моменти на криза да одржи економија постабилна од оние на европските држави.

Ана ПАНОВСКА
Повеќето судии не се корумпирани, само се стуткани и уплашени. Нив ги валкаат само неколкумина судии и обвинители.