Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЈАС НЕ СУМ МАРЈАН-ДОКАЗ!
И птиците на гранките знаат дека „фалшивиот доказ“ бил само извршителот. Тој бил задолжен да го повлече чкрапалото. Недостасуваат нарачателите, посредниците, но и помагачите.
ПОТРЕСНО СВЕДОШТВО
Ожалостеното семејство Оринови обвинува за негрижа и измама во домот „Феникс фемили“. Велат: „Ја однесовме Јелица на нозе, а за 12 дена ја зедовме на смртна постела!“
ИНТЕРВЈУ – МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ
Тој зборува за разидувањето со СДСМ, за неговото граѓанско движење „За наша Македонија“, а се осврнува и на односите со Бугарија. Како што истакнува, владата на Заев станала софистицирана варијанта на режимот на Груевски.
ПОРТРЕТ – АРБЕН ТАРАВАРИ
Долго време ја застапуваше тезата за поблиска соработка со ВМРО-ДПМНЕ, но токму во негово време Алијанса за Албанците целосно го сврте курсот и влезе во владата на СДСМ и ДУИ, кои претходно ги обвинуваше за корупција и партизација.
АБОЛИЦИЈА-СТРАЗБУР
И при позитивна одлука на Судот во Стразбур, Груевски нема да може да се врати како слободен граѓанин, напротив веднаш би бил уапсен на граница.
КЛАНИЦА ВО УКРАИНА
Да се реализира само една десетина од тоа што се очекува на украинскиот фронт оваа пролет, тоа ќе донесе тотална катастрофа и за украинскиот, и за рускиот народ.
7 ДЕНА
Како на рингишпил. Секоја година на по една од нив ќе ѝ дадат да сврти крукче во владините одаи. И си заминуваат со вртоглавица! На ред сега дојде Алијанса.
КРАТКОРОЧНО РАЗМИСЛУВАЊЕ
Последните денови на секое општество почнуваат неповратно да течат, кога чесните луѓе ќе станат убедени дека чесноста не се исплати и дека нечесноста е единствениот начин да се успее.
Колумнисти:
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Стратегијата на злоупотреба со деведесетина илјади бугарски пасоши на македонските граѓани и нивно прикажување како Бугари ќе резултира Бугарите да бидат трета по големина национална заедница.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Борбата со криминалот и корупцијата, го сакале тоа или не, ќе биде основниот услов за сите други реформи во државата.
Јанаки МИТРОВСКИ
Министерот за здравство, Сали, и онака ќе го изгуби министерското место, па неговата оставка не му е потребна никому, но главучите од ФЗО и понатаму ќе си играат директори.
Проф. д-р Димитар АПАСИЕВ
Македонското здравство е недостапно за над една третина од популацијата во државата, која живее под прагот на сиромаштијата!
Александар НИКОЛОСКИ
Последиците и по падот на оваа власт на СДСМ и ДУИ ќе бидат болни и ќе бидат потребни децении да се залечи македонската економија.
Перо КОСТАДИНОВ
Со бесплатните градинки секое дете може без ниту една пречка да следи воспитно-образовен процес, да биде еднаков со другите, да си игра со исти играчки, да седи на иста клупа, да се храни со иста храна.