Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
КУПУВАЊЕ ВРЕМЕ
Алијанса јасно се дистанцира од ВМРО и ќе може да ја продаде приказната дека фаќа приклучок кон проевропскиот блок на СДСМ, но како ќе објасни дека ќе води битка против корупцијата, кога во тој блок ќе соработува со ДУИ, која самите ја означија како извор на корупција?
МИЦКОСКИ И АПАСИЕВ
ВМРО-ДПМНЕ отвори еден привремено згаснат фронт со Левица. Дали станува збор за принципиелна битка на идеолошка основа, или, пак, можеби тоа е вештачка битка, во пресрет на идна постизборна соработка?
ПОРТРЕТ – САШО МИЈАЛКОВ
Една деценија важеше за најмоќен човек во државата. Потоа следуваше и неговиот пад, но се чини сега е повторно решен да се воздигне од пепелот како Феникс.
ИНТЕРВЈУ – МОНИКА ЗАЈКОВА
Зајкова говори дека нејзината цел е зголемување на членството, враќање на довербата на граѓаните во либерализмот и факторизирање на партијата на политичката сцена.
ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА
Сѐ уште нема одговор на клучното прашање – која е улогата на Министерството за здравство во изградбата на модуларните болници што дозволило да се вградат несоодветни материјали?
ИСТОРИЈА И МИТОЛОГИЈА
За Делчев најточно е да се тврди дека е географски Македонец, роден како поданик на Османлиската империја, кој учел егзархиско училиште во Солун и воена академија во Софија.
ОД ДРУГ АГОЛ
Бугарите коишто не паметам дека беа далдисани по Гоце Делчев цели 150 години, ама сега за 151-та аздисаа да приредат роденденска забава среде Скопје. И тоа не баш по „европејски“.
ПОЛЕ ЗА НАТПРЕВАР
Ние немаме општествен дијалог, ние имаме три паралелни монолози. Суверенистичкиот гласач вели: не ме понижувај! Глобалистичкиот гласач вели: не ме оставај незаштитен! Рамковниот гласач вели: не заборавај дека и јас сум тука!
Колумнисти:
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Синтагмата „Секоја револуција ги јаде своите деца“ не важи единствено за македонската „Шарена револуција“. Таа е една од ретките, ако не и уникатна, што „ја изглодаа нејзините деца“!
Ана ПАНОВСКА
На одбележувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев видовме дека имаме и полиција, и протокол, и хеликоптери, и сѐ што треба за една држава да држи под контрола еден настан.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Замислете ја бугарската историја, јазик и култура без македонските корени, без светите браќа Кирил и Методиј, без свети Климент…
Фатмир БИТИЌИ
Да ги утврдиме заеднички нашите државни интереси и да работиме сите заедно кон нив засилено. Не смееме повеќе да си дозволиме бриши/препиши на приоритетите.