1426

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

РЕВОЛУЦИОНЕРНОСТА“ НА ДЕЛО
Каква ќе биде прославата за 151 година од раѓањето на Гоце Делчев, човекот кој го гледаше светот како поле за културен натпревар меѓу народите?

СУДСКА САГА
„Фокус“ дојде до пресуда на Управниот суд, која докажува дека Фљамур Зибери ја тужел екс министерката Дескоска, која претходно му го поништила решението за предвремено полагање на правосудниот испит.

ИМОТ И ФИРМИ
Според податоците што ги обезбеди „Фокус“, внук на лидерот на ДУИ поседува фирма што има државна концесија за експлоатација на варовник, а воедно добила и тендери во вкупна вредност од 130 илјади евра.

ПОРТРЕТ АРТАН ГРУБИ
Груби се „проби“ со фрлањето камења на скопското Кале при протестите против изградба на црква и бргу му стана десна рака на Ахмети.

ЗАГАДУВАЊЕ
За првпат во државава, но и во регионот, неколкумина граѓани и адвокати водат судска битка против загадувањето на воздухот. Ја изгубија битката пред Управниот суд, но очекуваат победа пред Врховниот суд.

КОСОВСКОТО ПРАШАЊЕ
Многу поедноставно е Србија де факто да го признае Косово додека сѐ уште на власт има политичар со преку 50 отсто рејтинг. Западот тоа го знае и затоа притиска со сите сили.

ТЕШКАШИ И МАРГИНАЛЦИ!
Еден секретар на бугарски клуб исполнува услови да се смета за маргинален, ама видовме во колку крупна фигура се издигна од официјалните бугарски тешкаши.

МЕНАЏИРАЊЕ СОЈУЗНИШТВА
Луѓе и држави навикнати на власт, на моќ, на слободен пристап до туѓи пари и на неказнивост пред законот, тешко се навикнуваат на новата ситуација, кога за нив почнуваат да важат истите правила како и за сите.

 

Колумнисти:

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Влезот на Бугарите во Уставот ќе направи кармакаша. Првин ќе ги принудат сите околу сто илјади Македонци со бугарски пасоши да се декларираат како Българи.

Ана ПАНОВСКА
Бугарите ќе си роварат, ќе се чешаат околу нас којзнае уште колку време, ама тврдам дека по уставните измени веќе никој од Европа нема да ги есапи за токму!

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Колку македонски граѓани што студирале во Бугарија биле заврабувани и ставени во служба на бугарските тајни служби?

Марјан ЃОРЧЕВ
Македонското политичко раководство беше убедено дека само повторувањето на рефренот – „ЕУ е нашата единствена цел“е доволно за да си обезбеди поддршка од меѓународната заедница.

Александар НИКОЛОСКИ
Македонската влада да поднесе иницијатива до грчката влада, во која ќе побара во Кукуш да се изгради спомен-куќа на Делчев.

Сања ЛУКАРЕВСКА
Амихај ќе запише: „Пелтечев, но откако научив да лажам, зборовите течат како река“. Со скромен напор за визуализација како на нашите „патриоти“, зборовите им „течат како река“, сами ми доаѓаат сликите од „Иде Дунав“.