Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЛАНСКИОТ СНЕГ
Кога и да ни за’ржат странците дека се давиме во корупција, од ДУИ експресно го вадат ветингот од нафталин. Ороводецот Ахмети и првиот му придружник Груби ги повикаа и другите да заиграат пиперевка до нив.
7 ДЕНА
Веќе почна вербална војна за одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари. Гоце, кој го разбирал светот како поле за културен натпревар меѓу народите.
КОЈ ЈА МАТИ ВОДАТА ВО ДЕБАРСКО ГАРИ?
Фабриката за производство на „Мaya“ е кредитирана од хрватски бизнисмени, кои биле дел од руска компанија што соработувала со „Транснефт“ на рускиот тајкун Николај Токарев, близок пријател на Путин.
ДОСИЕ: ИСЧЕЗНАТИ
Најдолгата потрага по исчезнато лице трае 40 години. Само за 20 дена годинава исчезнале 4 лица.
ПОРТРЕТ – ОЛИВЕР СПАСОВСКИ
Во опозиција жесток критичар, во власт воздржан и дистанциран. Министерот за внатрешни работи, кој ги помина сите скалила на СДСМ, сега е на врвот и цврсто е закотвен за тронот во МВР.
ИНТЕРВЈУ ТОНИ МЕНКИНОСКИ
Менкиноски говори за добиените 17 пресуди на здруженијата и партиите на Македонците од Бугарија, како и за можноста Бугарија да биде исклучена од Советот на Европа.
АКЦИИ И РЕАКЦИИ
Методата „напад под лажно знаме“ е концепт без кој ниедна теорија на заговор не може да помине. Тепаните сами се тепале, прислушуваните сами се снимале…и сѐ во тој дух.
Колумнисти:
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Што ќе фатат сушат, штом ќе зинат, зелени кинат! Ама до последен здив упражњаваат тинтири-минтири.
Ана ПАНОВСКА
Не се способни да истераат една нормална процедура за смена на генералниот директор на МРТ, а камоли, пак, да изградат базична регулатива на медиумскиот простор.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Жедта за правда на граѓаните пропорционално расте од ден на ден! Единственото што им останува на граѓаните е правото на правда да го остварат на улица!
Наум СТОИЛКОВСКИ
Народот „се пакува“, а власта лаже за изградени километри и „смарт“ училници, кои никој не ги видел. И повторно се напаѓа со оној лажен маркетинг, како за минатата промена на Уставот.
Бисера КОСТАДИНОВСКА-СТОЈЧЕВСКА
Ние, Македонците, одамна ја дигнавме главата, но не за да покориме некого, туку за да живееме во разбирање со секого.
Стојан АНДОВ
И ВМРО-ДПМНЕ, и СДСМ, и ДУИ, во коалициите преку кои владееја, имаа посебни договори кој колку ќе се офајди од јавните набавки. Кој колку ќе дрпне.
Јанаки МИТРОВСКИ
И мене би ми било лесно да пишам дека башта ми е Блгарин, да земам пасош и да ги користам тие привилегии. Но, мојот татко велеше дека можам и марсовец да се пишам. Сите знаат дека сум Влав