1420

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЛИЦЕМЕРИЕ НА ЈАВНА СЦЕНА
Иако сега бара одговорност за Мијалков, не така одамна Заев немаше ништо против кога тој работеше на уставните измени, ниту кога „Мериот“ дружината мешетареше во дворот на неговите политички ривали

7 ДЕНА
Зечевиќ можеби уште верува дека популарноста на ВМРО-ДПМНЕ ќе се реши со булдожер!? Кога Црвенковски тврдеше дека на избори ќе ги згазат вмровците „како шлепер жаба“, СДСМ бидна жабата.

КАМБЕК НА ПОРАНЕШНИТЕ
Заев тврди дека нема да ѝ се врати на политиката, Шекеринска мудро молчи, а Филипче не ја исклучува таквата можност.

БОЛНИЦИ БЕЗ ЛЕКАРИ
Лекарите алармираат дека стотици или илјадници животи се изгубени поради недостиг од кадар или вработување неадекватен кадар.

КАНЦЕРОГЕН ЛИНДАН
Опасниот линдан од кругот на „Охис“ се носи на уништување во Франција. Но, додека трае процедурата, откриваме дека со месеци имало надминување на граничните вредности во воздухот.

ПРАВДА ИЛИ ПАЗАР?
Откако Апелација ги укина пресудите за „Трезор“ и „Таргет и Тврдина“, во кои Мијалков ја имаше главната улога, кружат многу обвинувања за пазар со правдата.

ЖИЛАВОСТ
Зад коњот што трча се крева прашина, а прашина нема само зад коњот што стои во место. Обично зад коњите што стојат во место може да се најдат само свежи лепешки.

 

Колумнисти:

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Какво руско влијание, какви бакрачи? Сите небиднини и афери на внатрешен план се генерираат од политичко-криминалното подземје, а не од надворешно влијание.

Наум СТОИЛКОВСКИ
Корупцијата го изеде судството, ја изеде иднината. Невозможно е членство во ЕУ со ваква корумпирана состојба во правосудниот систем

Фатмир БИТИЌИ
Исто како што чествуваме некого за неговите достигнувања што нѐ носат кон напредок, мораме да ги знаеме имињата и на тие кои го кочат развојот и нѐ враќаат назад.

Стојан АНДОВ
Во пиринскиот дел на Македонија почна општ прогон против сѐ што носеше македонски национален белег, против сите политички противници на новата политика.