1418

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ДРЖАВА НА „АПАРАТИ“
Дали е свесен некој во државава дека владее општо лудило? Колку само луѓе може да починат додека да стигнат до болница?

7 ДЕНА
Се возбудиле Французите дека најбогатиот им министер тежел 11 милиони евра. Ситница, „нашиот“ Мијалков беше проценет на околу 30 милиони евра.

НАТУРАЛИЗИРАНИ МАКЕДОНЦИ
Во последните неколку години, над 50 странци станале македонски државјани поради „особен научен, економски, културен, спортски или друг национален интерес“.

ИНТЕРВЈУ ДИМИТАР АПАСИЕВ
Апасиев вели дека во првата рунда ќе се пресметаат со СДСМ, а финалето им е резервирано за ВМРО-ДПМНЕ.

СКАНДАЛИЗИРАНО ПРАВОСУДСТВО
Предвременото полагање на правосуден испит било „нормална“ појава. За тоа знаеле и поранешните министри и сегашниот министер.

ДАНЕЛА И ЛЕНИН
Без разлика дали е во прашање криминал, бизнис-интерес или популистички филм, факт е дека главниот град веќе неколку дена е оставен без својот основен крвоток.

СЕКОЈА КРИЗА Е ШАНСА
Денес ниту еден вмровец не чувстува никаква вина за она што го правеа Мијалков и Грујо. Така и утре ниту еден сдсмовец нема да се срами од глупостите на сегашнава гарнитура.

 

Колумнисти:

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Вториот најстар занает по проституцијата е (контра)разузнавањето, односно тајните служби. И нивна најбитна карактеристика е системот на ороспилак.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Ако „институциите на системот“ не можат да се справат со криминалот и корупцијата во сопствените редови, тогаш тоа ќе го направат граѓаните.

Наум СТОИЛКОВСКИ
На следните мерења на јавното мислење, на јавната перцепција, покрај судството треба да се најде и ДКСК.

Ана ПАНОВСКА
И премиерот Ковачевски е сосема свесен за огромната корупција и криминал во државава. Ако треба, ќе побарал помош и од надвор. Работата е дојдена до коска. Нема веќе „ЌЕ“!

Бисера КОСТАДИНОВСКА-СТОЈЧЕВСКА
Цели 11 години, ВМРО-ДПМНЕ беше античко. Во тоа име се градеше, именуваше, переше пари, се убиваа луѓе…

Стојан АНДОВ
Бугарија на Турција не ѝ испратила дури ниту протестна нота за тоа што се случило. И оттогаш почнува тоа оддалечување со Македонија.